Започнa исплатата на штети од пролетните мразеви

Започнa исплатата на штети од пролетните мразеви

Започнува аплицирањето за субвенции и ќе трае до 15 мај
НФФ дел од осмомартовскиот марш
Оглас за финансиски администратор

Започнува исплатата на штети од пролетните мразеви од 2017 за ресенскиот регион. НФФ заедно со своето членство во изминатиот период најмногу реагираше и лобираше за исплатата на штетите во лозарството и овоштарството направени од пролетните мразеви во 2017 година

Започнува исплатата на штети од пролетните мразеви од 2017 за ресенскиот регион. НФФ заедно со своето членство во изминатиот период најмногу реагираше и лобираше за исплатата на штетите во лозарството и овоштарството направени од пролетните мразеви во 2017 година. НФФ и понатаму смета дека треба да се менува системот на осигурување и поголеми подршки  да има за инвестиции за адаптирање на земјоделството на новите климатски услови. Токму овие инвестиции треба да бидат дел од Програмата за рурален развој.

Имено според соопштението на МШВ, денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, исплати близу 85 милиони денари по основ на обештетувања за 2.355 земјоделци во Ресен, како регион каде што имаше најголеми штети. Како што информираат од ресорното министерство исплатата ќе продолжи континуирано во следните денови и за останатите региони кои беа погодени од временските непогоди во 2017 година.

„Со исплатата ќе бидат опфатени сите 17.500 баратели кои претрпеле загуби во текот на сите пет временски непогоди што се случија минатата година и од сите региони кои беа зафатени со временските непогоди. Вкупната сума која што ќе се исплати по основ на претрпени загуби од петте временските непогоди е во износ од над 4 милиони евра.Станува збор за временските непогоди што се случија во април, две временски непогоди во јуни, јули и септември 2017 година, проследени со обилни дождови, пороен дожд, силен ветер, електрични празнења, град. Со временските непогоди беа зафатени вкупно 36 општини“, се вели во соопштението.

 

COMMENTS