Датум на објавување на повикот 30.06.2020 година

ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Националната федерција на фармери (НФФ) е здружение за земјоделскиразвој кое ги застапува земјоделците од сите региони на национално ниво и од сите земјоделски потсектори. НФФ има за цел да ги штити економските, социјалните и културните интереси и работи на подобрување на пазарните и производствените услови, во насока на одржлив развој и висок квалитет на земјоделството и руралниот развој.

Во периодот од јули 2019 до јуни 2021 година Националната федерација на фармери го имплементира проектот “From Disability to FoodAbility” со поддршка на Шведската организација за развој We Effect и Radiohjаlpen. Како надворешна експертиза на полето на лица со попреченост во овој проект е вклучен Институтот за специјална едукација и рехабилитација при Филозофскиот факултет во Скопје. 

Проектот има за цел да придонесе кон подобрување на состојбата на лицата со попреченост – деца и возрасни со интелектуална и физичка попреченост и нивните семејства кои живеат во руралните области. Предвидените проектни активности ќе придонесат за социјално и економско зајакнување на лицата со попреченост и нивните семејства во руралните области преку инфраструктурни интервенции и прилагодувања во начинот на производство на храна како што се пластениците и градините за производство на зеленчук.

Семејствата  ќе бидат насочени кон производство на производи со додадена вредност (еколошки, преработени) со можност за производство во текот на целата година. Производите ќе бидат наменети за членовите на семејствата со што ќе се обезбеди храна и можност за дополнителни приходи преку продажба на вишокот производи.

Набавувач на услугите: Здружение за земјоделски развој Национална федерација на фармери, со седиште на улица Гиго Михајловски бр.4/1-1, Скопје

Предмет на набавка: Предмет на набавка е набавка на услуги за потребите на проектот “From Disability to FoodAbility” кој го спроведува Националната федерација на фармери. Детален опис на предметот на набавка е даден во техничката спецификација која е составен дел на овој повик.

ПОДГОТОВКА НА ПОНУДАТА

Право на учество:

Право да достави понуда има секое заинтересирано правно лице кои на пазарот или во постапката за набавка го нудат предметот на набавка.

Услови кои треба да ги исполнува понудувачот е:

  1. минимум 3 години работно искуство
  2. минимум годишни приходи од 2.000.000 мкд остварени во последната година
  3. покриеност на работа на целата територија на државата
  4. докажано портфолио за реализација на слични или исти услуги (минимум 5) поврзани со предметот на набавка.

Предметот на набавка е делив. Правното лице може да поднесе понуда за само 1 (еден) дел од техничката спецификација или за сите делови назначени во техничката спецификација.

Трошоци за поднесување на понуда

Понудувачот ги сноси сите трошоци поврзани со подготовката и со доставувањето на понудата.

Цена на понудата

Во цената на понудата треба да се вметнати сите трошоци и единечната и вкупната цена на понудата со вклучено ДДВ, во денари, согласно образецот за финансиска понуда којшто е составен дел на повикот.

Корекција на цени

При реализација на договорот за набавка, не се предвидува корекција на цените, односно цените искажани во понудата на најповолниот понудувач ќе бидат фиксни за целото времетраење на договорот за набавка.

Рок на извршување на услугите/работите

Реализацијата на услугите/работите наведени во техничката спецификација да биде во рок од 60 календарски денови од потпишување на договорот.

Начин на плаќање

Националната федерација на фармери со избраниот правен субјект ќе склучи Договор за набавка.

Плаќањето ќе се врши вирмански по доставена фактура до седиштето на Националната федерација на фармери.

Исплата ќе биде на две рати и тоа:

  • прва рата во износ од 30% од вкупниот бруто износ на понудената и прифатена цена во рок од 15(дена) од денот на склучување на договорот
  • втора рата во износ од  70% од вкупниот бруто износ на понудената и прифатена цена во рок од 15(дена) по завршување на ангажманот и одобрување на завршените работи согласно Договорот за набавка

Период на важност на понудата

Понудата што ќе даде понудувачот треба да биде со важност од 60 (шеесет)дена.

НАЧИН И РОК НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДАТА

Краен рок за доставување на понудите е  13.07.2020 година, до 12:00 часот

Понудите се доставуваат по електронска пошта (e-mail) на 2 адреси истовремено

nff@nff.org.mk и vidanka.martinovska@nff.org.mk  

Придружната документација се поднесува во скенирана електронска форма најдоцна до крајниот рок заедно со доставување на понудите.

Понудите испратени по истекот на крајниот рок за поднесување на понудите нема да бидат разгледувани.

Понудувачите кои се заинтересирани да поднесат понуда ќе добијат појаснувања или одговори на прашања поврзани со предметот на набавка на организиран онлајн состанок за што претходно треба да се обратат на е-маил vidanka.martinovska@nff.org.mk

ЕЛЕМЕНТИ НА ПОНУДАТА

Понудата треба да е составена од следниве елементи:

  1. Техничка понуда
    1. Опис на материјалите кои ќе бидат користени за изградба на пластениците
    1. Понудувачот, доколку има, да достави брошура и/или каталог од понудените производи и материјали кои ќе ги користи при изведба на пластеникот и системите на наводнување
    1. Биографија на компанијата
    1. Краток опис на најмалку 5 реализирани проекти со наведени тип на услуга, локација и референца (контакт телефонски број/е-маил)
    1. Тековна состојба од Централен регистер на РСМ не постара од 6 (шест) месеци
    1. Изјава за професионална способност (Прилог бр.1)
    1. Изјава за остварени минимум годишни приходи од претходната година (Прилог бр.2)
    1. Изјава за судир на интереси ( Прилог бр.3)

Напомена: По избор понудувач со најповолна понуда (а пред склучување на договорот ), избраниот понудувач  е обврзан изјавите ( Прилог 1, 2 и 3) нотарски да ги завери и да ги достави до НФФ , како и да достави Уверение од УЈП за платени даноци и придонеси.

  • Финансиска понуда
    • Образец на финансиска понуда (составен дел на повикот)

Критериум за избор на најповолна понуда
Во процедурата за избор ќе се применуваат следниве критериуми:

·       Претходно искуство и биографија – 10%

·       Квалитет на понудени материјали – 30%

·       Цена – 60%

 

Испорака на услугите на предметот на набавката

Изградбата на пластениците ќе биде извршена на 21 локација во рурални средини на:

·       Скопје   ( Љуботен, Виниче, Зелениково)

·       Македонски Брод   (Манастирец, Сланско и Пласница)

·       Тетово  ( Подбреѓе)

·       Гостивар   (Балин дол)

·       Кочани   (Спанчево, Соколарци)

·       Струмица (Владевци)

·       Велес  (Чалошево, Чашка)

·       Свети Николе  ( Кнежје и Дорфулија)

 

Системите на наводнување ќе бидат поставени на следните 28 локации:

·       Скопје ( Љуботен, Виниче, Зелениково и Ржаничино)

·       Македонски Брод (Манастирец, Сланско и Пласница)

·       Тетово (Јанчиште, Беловиште и Подбреѓе)

·       Гостивар (Балин дол)

·       Кочани (Спанчево, Соколарци)

·       Струмица (Три Води, Секирник и Василево)

·       Велес  (Чалошево, Чашка)

·       Свети Николе( Кнежје и Дорфулија)

 

 

Техничка спецификација за изведба на пластеници

Во рамките на проектот предвидено е да се изградат 24 пластеници со различни димензии на 21 локации (кои се наведени во повикот на оваа набавка). Правното лице потребно е да ги набави материјалите и да ги изведе пластениците и системите на наводнување според спецификациите приложени во продолжение. Во цената треба да се предвиди и Подготовка на теренот за поставување на пластениците.

Конструкцијата на пластениците од 1 до 8 вклучува:

  • Лакови од железни цевки со пречник од 26,9 mm и дебелина на ѕид 2 мм (двослојно фарбани со заштитен и завршен слој во бела боја)
  • Растојание помеѓу лаковите од 1,25 до 1,50 m (зависно од должината на секој пластеник)
  • Хоризонтални носачи за зацврстување на конструкцијата и изградба на странични отвори за вентилација на пластеникот (цевки со пречник 21,3 mm и дебелина на ѕид 2 mm (двослојно фарбани со заштитен и завршен слој во бела боја); поставени на 5 (пет) позиции по должина на пластеникот поставени од внатрешната страна;
  • Врата мин. 1,2 m ширина;
  • Фолија со дебелина од 180 микрони (УВ, ИР, АВ, ДИФ, анти-дрип, анти-фог адитиви) за покривање на пластеникот
  • Мрежа за засенчување 40%, зелена боја, со ширина од 8 m;
  • Подготовка на теренот
  • Гаранција најмалку 3 години

Дел 2– Системите за наводнување вклучуваат набавка и монтажа на:

  • Канистери (резервоари) за вода од 1000 l.
  • За секој поединечен систем да се предвиди дисков филтер, соодветни вентили, адаптери, конектори и придружни елементи.
  • За наводнувањето под:
  • ставка 10 да се предвидат 20 латерали
  • ставка 11-15 да се предвидат 10 латерали
  •  ставка 16 да се предвидат 20 латерали со должина од 3m
  • ставка 17 и 18 да се предвидат 6 латерали.

Латералите треба да бидат од ПЕ црева со пречник од 16 мм, со вградени некомпензирачки капалки на растојание од 30-33 cm, со завршни елементи за секој ред.

  • Гаранција најмалку 3 години
Реред.брОПИСКоличина
 ДЕЛ 1. ПЛАСТЕНИК ТИП 1
 Пластеник 5 х 20 х 2,57
 Пластеник 5 х 15 х 2,55
 Пластеник 5 х 12 х 2,53
 Пластеник 5 х 10 х 2,53
 Пластеник 5 х 8 х 2,52
 Пластеник 3 х 10 х 2,31
 Пластеник 3 х 5 х 2,32
 Пластеник 2,5 х 9,5 х 2,31
 ДЕЛ 2. СИСТЕМИ ЗА НАВОДНУВАЊЕ 
 За пластеник 10х107
 За пластеник 5х207
 За пластеник 5х155
 За пластеник 5х123
 За пластеник 5х103
 За пластеник 5х82
 За пластеник 3х101
 За пластеник 3х52
 За пластеник 2,5х9,51
 Пластичен резервоар за вода (буриња) од 1000 l28
ЈАВЕН-ПОВИК-ЗА-НАБАВКА-со-техничка-документација-word-dopolnuvanje

Образец-на-финансиска-понуда-za-download-dopolnuvanje

Прилог-1-2-3-Изјави-за-понудувачите-za-download-dopolnuvanje