Повик за пријавување на експерт/ка за подготовка на АНАЛИЗА НА ИНФОРМАЦИИ ЗА ФИНАНСИСКИТЕ ПРОИЗВОДИ ДОСТАПНИ ЗА МАЛИТЕ ФАРМЕРИ ВО РУРАЛНИТЕ СРЕДИНИ „Институционална поддршка на НФФ”

Јуфкијада 2019 во село Будинарци
National Convention on European Union in the Republic of Macedonia.
Обука за справување со маститисот во прилепско Мажучиште

Вовед

Националната федерација на фармери (НФФ) e најголема земјоделска организација во земјата која ги претставува и застапува интересите на земјоделците, семејните земјоделски стопанства, локалните земјоделски здруженија и земјоделските задруги, обединети под заедничката визија: профитабилнo земјоделство – стабилно село, и мисија: организиран фармер, лидер во земјоделскиот и руралниот развој.

Покрај земјоделците, земјоделските здруженија и земјоделските задруги, НФФ во својата работа посветува особено значење во јакнење и поддршка на ранливите категории во руралните средини, поголема поддршка на младите и жените, како и нивно директно вклучување во развојот на земјоделството преку одлучување и активно дејствување.

Освен земјоделството, еден од главните фокуси на организацијата е и руралниот развој односно справувањето со проблемите и предизвиците со кои се соочува руралното население, како што е сиромаштијата и ограничените пристапи на руралното население до здравствени услуги, едукација, информација, право и моќ на одлучување.

Главен столб на дејствување е лобирањето во насока на дефинирање на проблемите од терен кои со заедничка работа и анализа се презентираат пред надлежните институции за наоѓање на заедничко решение, кое е во интерес на земјоделците и благосостојбата на целата наша држава.

НФФ неколку години наназад го спроведува „Проектот за институционална поддршка на НФФ“, кој ги обединува достапните вештини и ресурси, како и тековните предизвици и можности за подобрување на развојот во земјоделскиот сектор, ја поттикнува родовата рамноправност и поддршка на младите, го промовира кооперативното земјоделство како чекор кон подобрување на животот во руралните области.

Проектот за институционална поддршка ги опфаќа следните компоненти:

  1. Организациски развој и градење на капацитетите на Националната федерација на фармери;
  2. Развој и поддршка на бизнисот, размена на информации и знаења и јакнење на здружувањето;
  3. Лобирање и застапување;
  4. Родова рамноправност и јакнење на женското претприемништво;

На тој начин, проектот претставува важна интервенција на земјоделството во земјата преку НФФ, со што се исполнуваат основните вредности и мисијата на НФФ за заштита и застапување на интересот на земјоделците.

Работна задача

Корона кризата силно влијаеше на динамиката на целокупниот живот и во урбаните и во руралните средини. Тоа влијание е посебно присутно и забележливо во руралните средини каде населението се соочува со многу предизвици. Недостаток од соодветна инфраструктура, ограничена информираност, непристапност или недостаток на јавни услуги, нарушување на целиот процес на производство, пласман, дистрибуција и продажба на производите, нарушување на вредносниот синџир, ограничен пристап до локалните пазари односно отсуството на истите, задолжително обезбедување на дозволи за движење во време на периодите на рестрикции на движењето, и многу други препреки за целосно и непречено ефикасно функционирање. За време на кризата овие проблеми станаа уште поизразени и придонесоа за зголемена социо-економска несигурност и зголемен ризик за сиромаштија на малите фармери. И покрај одредените мерки и финансиска поддршка кои се донесени поради корона кризата, малите фармери претставуваат ризична група во однос на нивното опстојување, односно одржливост на фармите и нивното производство, како единствен начин за обезбедување на нивна егзистенција.

Во таа насока, малите фармери имаат неопходна и неодложна потреба од поддршка од страна на државните институции кои се потрудија да обезбедат одредени мерки за поддршка на земјоделието, меѓутоа прашањата кои се наметнуваат се дали овие мерки се достапни за наведената ризична група и дали овие мерки ја задоволуваат неопходната потреба на малите фармери за нивно непречено функционирање. Евидентно е дека постои недостиг на поволни финансиски производи за малите фармери и нивна исклученост од економските мерки на поддршка во целина. Особено значајно е тоа што постои недостаток на капитал во инвестиции и намалени приходи како резултат на продажбата по ниски откупни цени и ограничен пласман на пазарите.

Од овие причини, НФФ во рамките на своето дејствување има потреба од АНАЛИЗА СО ИНФОРМАЦИИ НА финансиските производи достапни за малиТЕ фармери ВО РУРАЛНИТЕ СРЕДИНИ.

  1. Анализата треба да содржи:
  • Истражување на репрезентативен примерок за утврдување на последиците од корона вирусот врз малите фармери во руралните средини во Република Северна Македонија;
  • Преглед на програмите за поддршка и мерките превземени од страна на надлежните институции во услови на криза во делот на обезбедување  на финансиски средства за малите фармери;
  • Преглед на финансиски производи вклучително кредити, лизинг, микро-финансирачки услуги, грантови и други достапни за малите фармери од страна на банкарски сектор, развојни агенции и донатори;
  • Преглед и приоретизација на потребите, предизвиците и ризиците за малите фармери во однос на финансирањето и непречено функционирање на земјоделските активности;
  • Заклучоци со посебен осврт на моменталната состојба на малите фармери во однос на финансиска стабилности и оддржливост како и очекувањата на краток и среден рок;
  • Листа на потреби на малите фармери во однос на финансиските производи во секоја од фазите на производство и продажба;
  • Предлог на мерки и интервенции за поддршка на малите фармери во делот на обезбедување на финансиски производи на краток и среден рок;
  • Анализата треба да ги опфати:
  • Малите фармери во руралните средини (кои вклучуваат индивидуални фармери или мали семејни земјоделски стопанства, кои го пласираат вишокот на производство на пазарот, чии приходи во најголем дел (најмалку 80%) се од земјоделска активност, а вкупниот годишен приход не надминува 1.300.000 МКД.
  • Анализата треба да биде:
  • Сеопфатна, да ги вклучи малите фармери во руралните средини, изложени на предизвиците од корона кризата;
  • Репрезентативна, да ги отслика потребите и предизвиците на засегнатата категорија фармери, подеднакво со соодветна застапеност во истражувањето според територијалната распространетост
  • Структурна, да ги следи барањата во овој повик и содржината на работната задача;
  • Прегледна и јасна, да содржи визуелни елементи во сите делови (табели, пити, графици), но истовремено на јасен начин да ги опише сите резултати, заклучоци, предлози;
  • Релевантна, да се однесува на потребите, ограничувањата и ризиците на малите фармери во руралните средини кои произлегуваат од кризата или посилно се изразени за време на корона кризата, а се однесуваат на финансиската оддржливост на земјоделската активност.
  • Пристап
  • Националната Федерација на Фармери работи според пристапот базиран на човекови права и затоа во спроведувањето на оваа активност истиот мора да биде земен како основа за спроведување на работната задача.
  • Методологија
  • Анализата треба да биде подготвена преку: a) истражување на репрезентативен примерок на најмалку 50 испитаници преку анкетен прашалник во соработка со секторот за членство на НФФ; и б) канцелариско истражување на закони, програми, извештаи, мерки и препораки.
  • Документи за испорака
  • Анкетен прашалник за истражувањето на репрезентативе примерок од најмалку 50 испитаници;
  • Листа на контактирани во истражувањето која ќе содржи: име и презиме, населено место, пот-сектор и категорија на приходи;
  • Извештај од резултатите од истражувањето во посебен документ;
  • Анализа на финансиските производи достапни за малите фармери во руралните средини како сеопфатен документ;
  • Листа на користен референтен материјал и електронски линк или електронска копија од истиот (закони, програми, мерки, други извештаи и сл.);
  • Динамика
  • Целосната реализација на ангажманот треба да биде завршена во период од 58 дена од потпишувањето на договорот;
  • Во текот на реализација на ангажманот консултантот/тката треба да ја контактира НФФ за одобрување анкетниот прашалник (НФФ ќе го одобри за најмногу 3 работни дена од доставувањето);
  • Нацрт извештајот треба да биде доставен најдоцна до 45 дена од потпишување на договорот, по што НФФ во рок од 7 дена ќе ги даде своите коментари и забелешки;
  • Финалниот извештај заедно со сите пропратни документи за испорака треба да бидат доставени најдоцна до 60 дена по потпишувањето на договорот.
  • Поддршка
  • За време на спроведување на ангажманот, НФФ ќе обезбеди поддршка во информации, појаснувања и прецизирања во сите фази доколку експертот има потреба од тоа.

Критериуми

Експертот/ката треба да ги исполнува следните критериуми:

  • Работно искуство во областа на истражувањата од најмалку 5 години и најмалку 3 слични истражувања;
  • Соодветно образование ( завршен факултет од областа на економски науки, земјоделски науки)  и професионално искуство
  • Познавање на проблематиката на истражувањето: мали фармери, финансиски производи наменети за земјоделието, финансиска оддржливост на фармите;
  • Познавање на пристапот базиран на човекови права;
  • Автор и коавтор на најмалку 3 сеопфатни анализи реализирани во последните 3 години;

Ангажман и надоместоци

За спроведување на активностите од овој повик се предвидени надоместоци во вкупен износ од бруто 71.104 денари. Исплаќањето ќе се врши во два дела и тоа: 30% по одобрување на анкетниот прашалник и 70% по доставените финални документи. Сите останати активности поврзани со спроведувањето на анализата се вклучени во вкупниот износ и паѓаат на товар на експертите.

Предлог временска рамка на активностите

3 јули 2020                                        Избор на кандидатот и потпишување на договорот

16 јули 2020                                      Доставен анкетен прашалник до НФФ

27 јули – 10 август 2020                  Спроведување на истражувањето

17 август 2020                                  Доставена нацрт верзија на извештајот до НФФ

22 август 2020                                  Испратени коментари од страна на НФФ

1 септември 2020                            Испорачан финален извештај со пропратни документи до НФФ

Начин на пријавување и избор

За пријавување за учество експертот/ти траба да достават:

  • Професионална биографија со вклучени референци за претходни истражувања согласно правилата од овој повик. Индивидуалните биографии без листи на публикации не треба да надминуваат три страници (А4 формат) не сметајќи ги референците.
  • Предлог на разработена методологија за спроведување на истражувањето и подготовка на документите. Предлог-методологијата не треба да надминува три страници (А4 формат) и треба да содржи јасна методологија по чекори; подготовка на анкетен прашалник за репрезентативниот примерок; динамика и план за интерпретација на податоци.
  • Предлог план на активности. Предлог планот не треба да надминува една страница (А4 форма). Доколку се планира да се соработува и со други експерти да се наведе во планот

Документите за пријавување задолжително да се достават во еден pdf. формат документ на следните е-маил адреси: nff@nff.org.mk  најдоцна до 26 јуни 2020 година со назнака „Analiza finansiski proizvodi mali farmeri P9401“. Изборот на авторите ќе се врши врз основа на искуството, понудената методологија, акциониот план и апликацијата од страна на кандидатите.

Povik-Analiza-Finansiski-proizvodi-za-mali-farmeri-2

COMMENTS