НФФ оглас за финансиски координатор

НФФ оглас за финансиски координатор

„Јуфкијада“ во Јанковец
Анализи и ставови на НФФ за откупот за пченица
Обука на млади фармери за органско производство

НФФ е водечка организација во секторот земјоделство и рурален развој во земјата, која работи за интересите на земјоделците и руралното население. Со искуство повеќе од 15 години, НФФ верува во визијата дека профитабилното земјоделство е основа за стабилно село. Во таа насока, НФФ се обврза на долгорочни напори за обезбедување на одржлив развој во руралните области, нулта сиромаштија и развој на заедницата заснована врз пристапот на човекови права.

За продолжување на своите активности, НФФ во својот тим бара финансиски координатор со полно работно време во Главната канцеларија на НФФ во Скопје со работно време од 8:30 до 16:30.

Бараме посветена, личност, полна со ентузијазам и желна за учење, која би сакала да работи во проактивен тим на активисти и професионалци и која верува дека со напор и посветеност, промената е возможна.

Позицијата е за финансиски координатор, затоа очекуваме: искуство во областа на финансиското управување (сметководството се смета за предност), минимум универзитетско образование (економија или општествени науки), разбирање на работата на невладините организации и познавање на граѓанскиот сектор, одлично познавање на Excel, информираност за финансиското законодавство во земјата и многу добро познавање на англиски јазик.

Обврски на финансискиот координатор опфаќаат:подготовка на исплататите поврзани со пректи и главната сметка на Национална федерација на фармери, собирање и евиденција на комплетната финансиска документација, евиденција на трошоци по буџетски ставки, подготовка на финансиски извештаи,подготовка на пресметки, буџети и поддршка во процес на јавни набавки,предвидување на проблеми и ризици во спроведувањето на проектите,следење на македонското сметководство и меѓународните сметководствени стандарди и организација и поддршка во спроведување на ревизии. Предност ќе се смета за лицата кои работеле во компании, институции или организации во оделенија за финансиско работење. Пожелно е лицето да има полежено возачка дозвола – Б категорија.

Не се пожелни кандидатити кои на оваа гледаат како на: едномесечна авантура, монжност за дополнителен приход, чекална за подобра шанса, фаза на премостување пред иселувањето во ЕУ.

Ако верувате дека сето споменато ќе ви одговара, ако сте подготвени за предизвици и можности, ако можете да ја цените и почитувате работата на земјоделците и руралното население, доколку сакате да бидете добредојдени заради вашата личност, платени според вашиот професионализам и унапредувани врз основа на вашата посветеност, ве молиме аплицирајте!

Испратете ни го вашето CV, кратко мотивационо писмо и доколку имате препораки од други компании, институции или организации каде што сте работеле на  e-mail:

nff@nff.org.mk, biljana.petrovska@nff.org.mk

Краен рок на пријавување е 8.03.2020

COMMENTS