Националната Федерација на фармери, Скопје има потреба од ангажман на Проект Координатор за имплементација на планираните активност во проектот From Disability to FoodAbility.  

Проект координаторот треба да:

• Има високо образование од областа на општествени науки (по можност социјални науки, хуманистички науки) ;Има знаење за проектен менаџмент;Одлични вештини за планирање, имплементација и проектно известување;Одлично вештини за комуникација и тимска работа;Одлично познавање на англискиот јазик;MS Windows, MS Office компјутерски вештини;

Проект координаторот пожелно е да има искуство во:Координирање и поддршка на проекти во делот на социјална кохезија, интеграција на лица со попреченост во заедницата;Работа со проекти во рурални средини/рурален развој;Методи и техники за финансиско планирање и буџетирање;

 

Проект координатор мора да биде способен да:

• Ги следи анти-корупциските и антидискриминаторските принципи

• Работа во атмосфера на родова еднаквост

• Работа под притисок и краток рок

• Работа во тим

Обврките на проект координаторот опфаќаат:


Ги следи развиените постапки и протоколи на НФФ во согласност со Проектот за институционална поддршка на НФФ;

• Промовира добра волја и разбирање на работата во организација за застапување на земјоделците и развој на руралните средини, со општа цел за поддршка на потребите и интересите на фармерите за развој и одржливост на руралните области;

• Координирање на сите задачи и одговорности во врска со проектните активности според годишните планови и одобрениот буџет;

• Комуникација и соработка со релевантни институции поврзани со проектот, вклучувајќи ги и државните институции, локалните заедници, невладините организации, деловните субјекти и другите релевантни страни;

• Анализа и проекции на потенцијални проблеми и ризици во спроведувањето на проектот и информирање на Проект Менаџерот на НФФ и Извршниот Директор;

• Изготвува годишни, како и квартални оперативни планови за проектот во тесна соработка со Финансискиот менаџер и Извршниот Директор, како и во консултација со одговорниот програмски директор во We Effect; Работа со банкарска сметка на проектот заедно со Финансискиот менаџер по претходно одобрување од Извршниот директор;

• Координаторот на проектот подготвува извештаи за напредок (полугодишни и годишни извештаи ) на проектот

• Други обврски кои можат да произлезат за време на реализација на проектот, а се однесуваат на директна реализација на целите на истиот;Сите заинтересирани кандидати треба да пратат CV (биографија) на e-mail: nff@nff.org.mk и biljana.petrovska@nff.org.mk најдоцна до  16.06.2019 година.