Националната Федерацијата на Фармерите (НФФ) е организиран глас на македонските земјоделци со мисија “Профитабилно земјоделство-стабилно село”. Целните групи со кои работи Националната Федерација ги опфаќаaт сите категории земјоделци од најсиромашните, ранливи, земјоделски семејни стопанства, земјоделски организации и земјоделските задруги како еден од најсовремените облици на организација на здружениот труд и настап на пазари. НФФ како основна алатка го има лобирањето и застапувањето на земјоделците и реализација на активности во подобрување на бизнис опкружувањето, едукација и информирање на земјоделците во насока на зголемување на продуктивноста и конкурентноста. Посебно внимание НФФ обрнува на младите и жените, родовата еднаквост и намалување на сиромаштијата во руралните средини.

Националната Федерација на фармери, Скопје има потреба од ангажман на финансиски менаџер за имплементација на планираните активност.

Финансиски менаџер треба да:

  • Има високо образование од областа на економски науки;
  • Има знаење за финансиски менаџмент;
  • Познавање на сметководствениот и даночниот систем во земјата;

• Одлични вештини за сметководство и финансиско планирање;• Одлично вештини за финансиско известување;• Широко познавање на економијата кое може да придонесе за подготовка и имплементација на проекти;• Многу добро познавање на англискиот јазик;• MS Windows, MS Office компјутерски вештини;

Финансискиот менаџер треба  да има искуство во:

 • Методи и техники за економска анализа;• Развој и имплементација на финансискиот, сметководствениот и системот на внатрешна контрола на НФФ и подобрување на процедурите за постојните системи;• Методи и техники за финансиско планирање и буџетирање;• управување со финансиски ризици;• Методи и техники за проценка на финансиската активност;• Организирање обуки за вработените за сметководство / административно и финансиско управување;

Финансискиот менаџер мора да биде способен да:

  • Ги следи анти-корупциските и антидискриминаторските принципи
  • Работа во атмосфера на родова еднаквост
  • Работа под притисок и краток рок
  • Работа во тим

Обврките на финансискиот менаџер опфаќаат: 

  • Подготовка на исплататите поврзани со пректи и главната сметка во согласност со Финансискиот и административниот водич за организации финансирани од We Effect и целосните процедури и правилници на НФФ:
  • Собирање и евиденција на комплетната финансиска документација;
  • Евиденција на трошоци по буџетски ставки;
  • Подготовка на финансиски извештаи;
  • Материјално и книговодствено работење;
  • Подготовка на пресметки, буџети и поддршка во процес на јавни набавки;
  • Предвидување на проблеми и ризици во спроведувањето на проектите;
  • Следење на македонското сметководство и меѓународните сметководствени стандарди;
  • Организација и поддршка во спроведување на ревизии;

 Сите заинтересирани кандидати треба да пратат CV (биографија) на e-mail: nff@nff.org.mk  и biljana.petrovska@nff.org,mk најдоцна до 20.05.2019 година.