Денеска во Хотелот Кристал Палас во Прилеп, проектот финансиран од Европската Унија “Воведување на национална програма за консолидација на земјиште” (МАИНЛАНД) кој го спроведува ФАО во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ),  организираше регионална работилница за подигнување на јавната свест за консолидација на земјоделско земјиште.

Работилницата е почеток на овогодинешната кампања за консолидација на земјоделско земјиште која ќе трае во наредните два месеци. Главната цел на работилницата е да се подигне локалната свест и разбирање за придобивките од консолидацијата на земјоделското земјиште. Земјоделци, сопственици на земјиште, земјоделски организации, претставници на села и локални самоуправи, геодетски фирми, претставници од МЗШВ и АПРЗ, како и други важни локални чинители од Пелагонискиот регион присуствуваа на настанот.

Учесниците се информираа за принципите и постапките за консолидација на земјоделско земјиште во согласност со Националната стратегија за консолидација на земјиште (2012-2020) и  Законот за консолидација на земјоделско земјиште, како и за тековните активности во рамки на проектот МАИНЛАНД.  Учесниците исто така беа информирани за тоа како да аплицираат на претстојниот повик за изразување интерес за проекти за консолидација на земјиште кој ќе биде отворен од утре и ќе трае во текот на март и април 2019 година.

Следните средби ќе се одржат:

Куманово, 7 март (четврток) 2019 (Занатски дом) (со почеток во 12:30 часот)

Струмица, 12 март (вторник) 2019 (Дом на АРМ) (со почеток во 12:30 часот)