“Нашата рурална жена нема доволен пристап до социјални и културни добра ниту пристап до јавни информации. Таа е лишена од правото на породилно отсуство, тоа треба да се промени. Има жени кои цел живот придонесувале за ова општество, а не можат да си го остварат правото на пензија”, истакна Васка Мојсовска,  претседателка на Националната федерација на фармери на презентација на анализите направени во рамки на проектот „Мерење на нивото на зајакнување на жените во земјоделството со примена на експериментален економски модел“, имплементиран од Фекултетот за земјоделски науки и храна, а подржан од UN Women.

“Секој треба да почне од дома и од институциите во коишто работи, за заедно да ги надминеме пречките во остварување на родовата еднаквост”, истакна Марина Нацка,  доц.д-р, Факултет за земјоделски науки и храна.

Деканот на Факултетот за земјоделски науки и храна , проф. д-р Вјекослав Танасковиќ истакна дека UN Women со нивната техничка и експертска поддршка успеaа да влијаат на нас, да размислуваме и делуваме за унапредување на родовата еднаквост преку истражувања и податоци базирани на научни докази, и да влијааме врз креирањата на политиките во руралниот развој.

“Како министерство испраќаме јасна порака за економско јакнење на жената од руралната средина и нејзино поголемо вклучување во руралниот развој”,потенцира  Љупчо Николовски, министер за земјоделство, за шумарство и водостопанство.

“За да можеме да зборуваме за подобро вклучување на жените, на ниво на лидерство, потребно е да зборуваме за имотните прашања”, нагласи Мила Царовска, министерка за труд и социјална политика.

“Интегрирањето на родовата перспектива во земјоделството и руралниот развој е особено важно за препознавање на различните потреби и улоги кои ги имаат жените и мажите, како и на традиционалните родови норми кои влијаат врз нивното исполнување”, истакна Весна Ивановиќ , раководителка на канцеларијата на UN Women.