„Климатските промени се закана за одржливиот земјоделски развој. Земјоделците секојдневно ги чувствувааат последиците од ефектите на климатските промени“истакна професорот Зоран Димов одФакултетот за земјоделство и храна од Скопје за време на одржувањето на обуката на тема: “Подобрување на производството на поледелските култури во услови на климатски променина животната средина”. Обуката е организирана од страна НФФ во рамките на проектот подржан од Шведскиот кооперативен центар We Effect во Општина Јегуновце.
Професорот Зоран Димов пред присутните земјоделци истакна дека земјоделството ееден од најпогодените сектори, а особено ќе бидат изложени културите кои не се наводнувааат, бидејќи истите ќе бидат најдиректно погодени од негативните ефектите од климатските промени. Зголемувањето на просечната температура ќе доведе до појава на потопли лета и промени на количествата, интензитетот и распоредот на врнежите по сезона; се почеста појава на рани и касни мразеви и други неприлики кои ќе го погодат земјоделството. Земјоделците беа информирани и за чекорите кои тие треба тие да ги преземат на ниво на фармер, се со цел максимално ублажување на негативните ефекти од влијанието на климатските промени врз земјоделството.