Во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, денеска се одржа работен состанок со претставници од лозаро-винарскиот сектор на кој што се дискутираше за подготовка на Законот за изменување и дополнување на законот за вино.  На состанокот присуствуваа претставници од Националната федерација на фармери (Васка Мојсовска, претседателка на НФФ и Иван Ванглеов член на УО на НФФ и претседател на потсекторската група за лозарство), винарски визби и здруженија на производители на вино, здруженија на лозари и производители на грозје, професори. На самиот состанок се дадоа предлози за измени на Законот за вино, за  кои што дополнително ќе следуваат преговарачки процеси, така што препораката на НФФ е да се овозможи развој на малите производители на вино и други преработки од грозје, како и регулирање на откупот на грозје за навремена исплата на земјоделците , како и почитување на пазарните вредности во делот на производната и откупната цена на грозјето. На средбата присуствуваше и Љупчо Ноколовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.