Во организација на Еколошкото пчеларско друштво „Златна кошница“, од 19 до 21 октомври во Кочани се одржа традиционалната Изложба на мед и пчелни производи. На повеќе штандови во Паркот на Револуцијата беше претставен осоговски, малешевски, плачковички и мед од други краишта на нашава држава. Во рамките на самата манифестација одржа и предавање експертот од Србија, Слободан Јевтиќ и пчеларите разговараа за проблемите и предизвиците во овој сектор.