Одржана Годишната седница на Редовното годишно сoбрание на НФФ

Одржана Годишната седница на Редовното годишно сoбрание на Националната федерација на фармери кое брои 63 делегати. На официјалниот дел беа 100 лица присутни, односно членови, делегати на НФФ, соработници и претставници на владини и невладини институции и проекти. НФФ е една од организациите која секоја година организира Годишно собрание почитувајќи ги законските прописи на македонското законодавство и преку определени одредби дефинирани во Статутот на НФФ и деловници го спроведува Генералното собрание. НФФ ги охрабрува и другите невладини чадор- организации да организираат и јавно информираат за своите Генералните собранија, каде што се укажува дека се почитува Законот за невладини организации и на највисок степен се спроведува транспарентноста и демократијата како начин на дејствување преку невладин сектор со информирање и активно вклучување на своите членови.

 

На свечениот дел се обрати Васка Мојсовска, претседател на НФФ потенцирајќи дека и понатаму најголем проблем во земјоделството е пласманот и ниските откупни цени. Обраќање имаше Валентина Ѓошевска од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој која истакна дека во тек е пријавувањето на субвенциите за 2018 години и рокот е до 15 мај. Ѓошевска информира дека во тек е исплатата за обештетувањето на земјоделците кои изминатата година претрпиле загоби од пролетните мрезеви и други временски непогоди во другите региони, а исплатата започнала минатата недела за ресенскиот регион. Исплатени се и субвенции за предадено грозје и јаболка и следат исплати за предаден зеленчук во откупни центри. 

 

На самото Генерално собрание Потпишан е Меморандум за соработка помеѓу Националната федерација на фармери и Европското движење на РМ, здружение која имплементира проект за Националана конвенција на Македонија за ЕУ, каде се разгледува и Поглавјето за земјоделство и рурален развој. Проф. Д-р Милева Ѓуровска, претседател на Европското движење истакна дека учеството на НФФ во подготовката на материјалите на Националната конвенција за Поглавјето за земјоделство и рурален развој е значајно бидејќи се овозможува да се слушне гласот на земјоделците и станува збор за значајно поглавје со кое според искуството на другите држави со него започнуваат преговорите за членство и со него завршуваат.

 

Во свечениот дел беа презентирани проектите „Институционална поддршка на НФФ“, подржан од Шведскиот коперативен центар We Effect, кој е значаен за земјоделското здружување и јакнење на гласот на земјоделците за остварување на своите пава и интереси. Исто така беа презентирани европските проекти „Поддршка на земјоделски задруги “ ,„Воведување на Национална програма за консолидација на земјиште“ спроведуван од ФАО и „ Мали, нискотрошковни, еколошки прифатливи системи за наводнување: избирање на локации и подготовка на целосно тендерско досие за изградба“.

 

Во работниот дел делегатите го избраа работното претседателство, односно за претседавач е избран Владе Петровски, додека Вангелина Пармачка и Африм Зибери за помошници на претседавачот. На Собранието усвоен е годишниот план и буџет на функционирање на организацијата, усвоен е стратешкиот план врз чија основа ќе се направи петгодишната стратегија на НФФ и назначена е Фросина Георгиевска за член на УО од Мрежата на жени – фармери во НФФ.