Cубвенционирана цена за посета на ИЗС во Нови Сад

Cубвенционирана цена за посета на ИЗС во Нови Сад

НФФ ОГЛАС ЗА АДМИНИСТРАТИВЕН АСИСТЕНТ
Посета на земјоделски саем во Пловдив

Cубвенционирана цена за посета на Интернационалниот Земјоделски Саем во Нови Сад

Федерацијата на Фармерите на Република Македонија и оваа година организира посета на Интернационалниот Земјоделски Саем во Нови Сад, кој е еден од најпосетуваните саеми во Западен Балкан и Југоисточна Европа.

Оваа година членовите на ФФРМ по промотивна цена ќе имаат можност на 21 мај да го посетат саемот со тоа што ФФРМ ги покрива трошоците за пат, додека земјоделците плаќаат за хотелско сместување и саемски влезници и тоа со субвенциониран износ од 2300 ден за лице.

Период на одржување на саемот во Нови Сад е од 20-26 мај 2014 година, каде што ќе бидат претставени производи и услуги од повеќе од 60 земји, а земја партнер и оваа година е Холандија.

Посетителите на саемот ќе имаат можност да видат земјоделска механизација и приклучни машини, овошни садници, опрема за млекарство, силоси и машини за сточна храна, сортирање на семе, системи за наводнување, опрема за живинарство, системи за третирање на овошје и зеленчук после берба, сушари за житарици, млинарски производи, хемиски производи, семе и посадочен материјал, амбалажа, градинарство, изградба и опремување на пластеници), производство и преработка на месо, градежен материјал, мерни инструменти, органски семиња, винарии и др.

Повеќе информации за деталите за организираната посета на 81-от Интернационалниот Земјоделски Саем во Нови Сад на телефоните:

Весна Деловска 078/303-594, Извршна канцеларија на ФФРМ, Скопје
Томе Тимов 076/377-402, Регионален Центар на ФФРМ – Струмица,
Елизабета Ристеска, 076/377-403, Регионален Центар на ФФРМ -Битола,
Стојан Лазаров, 076/377-406 Регионален Центар на ФФРМ – Кочани.

COMMENTS