Националната Федерацијата на Фармерите (НФФ) е организиран глас на 
македонските земјоделци со мисија „Профитабилно земјоделство – 
Стабилно село”. Целните групи со кои работи НФФ ги опфаќа сите 
категории земјоделци, најсиромашните, ранливите, земјоделските семејни 
стопанства, земјоделските организации и земјоделските задруги, како 
еден од најсовремените облици на организација на здружениот труд и 
настап на пазари. НФФ како основна алатка го има лобирањето и 
застапувањето на земјоделците и реализацијата на активности во 
подобрување на бизнис опкружувањето, едукација и информирање на 
земјоделците во насока на зголемување на продуктивноста и 
конкурентноста. НФФ посветува посебно внимание на младите и жените, 
родовата еднаквост и намалувањето на сиромаштијата во руралните средини.

Националната Федерација на фармери, Скопје, има потреба од набавување 
на пчеларска опрема во рамките проектот „Организациски развој на НФФ и 
подобрени врски со пазарот за малите земјоделци и производители од 
рурални области со цел зголемување на приходите (Market System 
Development- P9408)” поддржан од Шведската организација за развој We 
effect и Sida.

Специфики на испораката од страна на фирмата:

Испорака на 22 комплети пчеларска опрема за лична употреба. 1 комплет 
треба да содржи пчеларско оддело, пчеларска четка, дималка, ракавици, 
пчеларски нож, електричен лепач за восок.

Очекувано времетраење на договорот

Договорот со добавувачот ќе биде  склучен од 4 февруари до 5 март 2022

Задолжителни технички критериуми:

        • Минимум 5 години професионално искуство во продажба на 
опрема за заштита на пчеларството и пчеларски материјали

Начин на  аплицирање:

Фирмите  за овој ToR треба да ги достават следните документи:

• Ажурирано портфолио на фирмата (што укажува на работа на претходни 
слични ангажмани)

• Тековна состојба на фирмата издадена од Централен регистар на РСМ, 
не постара од 6 месеци

• Финансиска понуда. Понудата треба да биде изразена во МКД со вклучен ДДВ

•  Поднесување на  Изјава за непостоење на конфликт на интереси за 
фирмата  ,  е задолжителна

Доставување на понудата на e-mail адреса.

Понудата да биде комплетирана и испратена на e-mail  nff@nff.org.mk

   и vidanka.martinovska@nff.org.mk, заклучно со 28.01.2022

Евалуација на понудите:

Понудите со комплетна документација и/или понуди пристигнати по 
истекот на рокот, нема да бидат земени в предвид. Понудите ќе се 
оценуваат според следните критериуми:

40% претходна или слична работна задача

60% најповолна финансиска понуда

Целосниот опис на активноста е наведена во прикачениот документ, и 
воедно е прикажена и декларацијата која треба да се потпише.

Deklaracija-za-nepostoenje-na-konflikt-na-interes

ToR-company-for-procurement-of-equipment-for-beekeeping-2