-3.2 C
Skopje
Wednesday, January 26, 2022

Годишно обраќање на Васка Мојсовска, претседателка на Националната федерација на фармери

Почитувани земјоделци,

Сите знаеме дека нашата работа не е лесна, но бидејќи ние производството на храна го работиме со љубов и желба останува да се бориме со предизвиците и проблемите  на кои што наидуваме секоја година исто како и оваа што помина.Година во која освен нашите предизвици повторно се соочивме и со ковид кризата како и сите во светот.На стартот на годината имавме ниски темератури па затоа ние лозарите и овоштарите од некои подрачја претрпевме зимски мрзнења на насадите,како да не беше тоа доволно па повторно во април месец имавме долж повардарието и росоманскиот дел штети од измрзнување од доцниот пролетен мраз, високите екстремни температури кои што беа во летниот период предизвикаа суша која што значително го намали земјоделското производтво во скоро сите сектори,градот што фати во неколку региони исто така направи огромни загуби кај нашите земјоделци а особено овоштарите од Ресен беа драстично погодени од оваа непогода.Сточарите, градинарите, полeделците и др. и тие претрпеа штети од високите температури во летниот период ,и сето ова ни кажува колку нашето земјоделство е кревко и изложено на климатските промени кои што за нас се веќе реалност и ние една деценија наназад веќе ги живееме и трпиме загуби од нив,плус ако ги додадеме и проблемите со водоснабдувањето дополнително имаме предизвици и нервози со кои се соочуваме во текот на нашето производство.

Покачувањето на ѓубривата, заштитните средства и другите репроматерјали за производство на земјоделските производи дополнително ја отежнаа работата на нас земјоделците.

Како што и се гледаат состојбите на терен сликата ни малку не е светла во последните десетини години. Производните цени на земјоделските производи се зголемуваат, а откупните цени се намалуваат.

Она што најмногу го погодува македонскиот земјоделец се ниските откупни цени и овој тренд е забележителен во последните десет години што ги доведува примарните земјоделски производители во ранлива положба во поглед на стопанските и деловните активности, како и нивниот животен стандард. Она што може да се дефинира како значајни проблеми и предизвици во делот на пласманот на земјоделството се следните : Ниски откупни цени, неорганизираност кај нас земјоделци, нелојална конкуренција  која го има монополот на пазарот за откуп, непостоење на договорно производство, недостаток на едукација и инвестирање во нови технологии,  недостаток на едукација за претприемништво, непостоење на постберните технологии и продолжување на рокот за траење, недостаток на количини на одреден производ, мало учество на преробатувачките капацитети во откуп, неспроведување на анализи на пазарите, мал принос по единица површина. Токму овие проблеми и предизвици го уништија земјоделецот и тоа е една од основните причини за големата миграција од селата и осиромашувањето на руралното население.

Корона кризата ги извади на површина оние наталожени проблеми коишто ги имаме со години наназад. Ние сè уште немаме воспоставен стабилен систем на договорно производство, сè уште не се решени проблемите со откупот и со пласманот, односно производните цени се далеку повисоки од продажните и тоа укажува дека ние немаме стабилен систем на храна што функционира во секакви околности и што е во состојба до потрошувачите да обезбеди доволно и континуирано снабдување со квалитетна храна по достапни цени од една страна, а од друга страна малите земјоделски производители и натаму се најранлива категорија, бидејќи тие истовремено мора да се справуваат со шокот предизвикан од Корона кризата, како од здравствен, така и од економски аспект, а од друга страна да произведуваат земјоделски производи.

Ние сме аграрна држава и од кога што постои Македонија генерациски се занимаваме со производство на храна и несомнено е дека земјоделството е значаен сектор во државата. Тука треба да се работи пред се на јакнење на свеста на граѓаните за домашното производство и во таа насока Националната федерација на фармери започна кампања „Купувајте домашни земјоделки производи“. Само така можеме да влијаеме на развојот на домашната економија.

Исто така преработувачките капацитети треба да се развиваат во државата за да може да се зголеми откупот на домашни производи со кои треба да се произведуваат домашни преработки на зеленчук и овошје. Ова е навистина значаен сегмент кој може да поттикне и помогне на развојот на нашиот аграр. Посебно внимание треба да посвети на подобрување и одржување на земјоделската инфраструктура во делот на патишта, наводнувањето, одводнувањето и справување со климатските промени, како и почитување и функционирање на договорното производство согласно Законот за земјоделство и рурален развој.

Во текот на оваа година НФФ продолжи со своите активности и справување со постојаните предизвици, наметнати и од корона кризата, и климатските промени, и нестабилните пазари, но и од големиот пораст на цените на суровините и нефункционирањето на заштитните механизми на државата за земјоделството и руралното население. Нашите активности во овој период беа насочени на лобирањето и застапувањето како клучна алатка на НФФ, но и во поставувањето на МСД пристапот на развивање на бизнис модели преку новиот проект поддржан од We Effect и Sida “Oрганизациски развој на НФФ и подобрување на пазарните врски за малите земјоделци и производители од рурални области со цел зголемување на приходите“. Дополнително продолживме и со реализација на проектот From Disability to FoodAbility наменет за лицата со попреченсоти во руралните средини, ЕУ проектот за женско претприемништво,кој го имплементираме заедно со Здружението за бизнис жени, МИР и Сојуз на стопански комори, Е-фарм платформата, соработката со ФАО, JICA, ГИЗ. Во спроведувањето на активностите беа вклучени сите структури на организацијата вработените и УО, регионалните инфо точки, фокус групи, жени, млади, здруженија и индивидуални фармери. Оваа година  се реализирани 80 активности кои вклучија повеќе од 300 директни учесници и огромен број на индиректни корисници.

Посебно сме горди со тоа што станавме дел од европската организација Copa Cogeca и соработката во оваа насока продолжува понатаму.

Продолжу соработката и со институциите, со факултетите, други проекти, донатори, бизнис секторот.

За НФФ останува и огромен предизвик:

Инклузија на младите во земјоделството и развојните текови на ниво на заедницата во руралните средини

Пазарна, економска и социјална интеграција на лицата со посебни потреби

Руралната жена, столб на руралниот развој и земјоделството

Намалување на сиромаштија и поддршка на сите маргинализирани групи во заедницата

Би сакала како претседател на Националната федерација на фармерите да Ви честитам на храброста што ја работите најблагородната работа –земјоделство и од срце да Ви посакам никогаш повеќе да не се соочиме  со вакви загуби во работата.

Да ги оставиме негативните работи од оваа година позади нас и со добра мисла и нов елан да ја започнеме новата 2022 година.

Од срце сакам да ви посакам многу здравје на Вас и вашите фамилии и многу род со добра цена на вашите полиња и фарми . СРЕЌНА И УСПЕШНА 2022 година.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

22,878FansLike
0FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -

Latest Articles