-3.2 C
Skopje
Wednesday, January 26, 2022

Препораки на Националната федерација на фармери презентирани на Собраниската комисија за еднакви можности за Предлог – стратегијата за еднакви можности 2021 -2026

Националната федерација на фармерите е невладина и непрофитна организација која ги застапува земјоделците и земјоделките од сите региони на Македонија и сите земјоделски потсектори. НФФ има за цел да ги штити економските, социјални и културни интереси на земјоделците и земјоделките и работи на подобрување на пазарните и производствените услови, во насока на одржлив развој и висок квалитет во земјоделството и руралниот развој. Во делот на лобирањето Националната федерација на фармери посебно внимание посветува кон маргинализираните групи во руралните средини и една од нив се и жените.

Националната федерација на фармери беше вклучена во креирањето на Стратегијата за родова еднаквост 2021 – 2026 и може да истакнеме дека сите наши предлози се прифатени, освен еден кој што е значаен и бараме да биде дел од оваа стратегија а се однесува на остварување на правото за породилно отсуство и боледување.

Националната федерација на фармери бара во рамките на Стратегијата за родова еднаквост 2021 -2026 да стои: регистрираните земјоделски со статус – регистриран индивидуален земјоделц да имаат надоместок за отсуство поради болест или повреда и право на надоместок за отсуство поради бременост, раѓање и мајчинство.

Образложение:

Покрај многуте проблеми со кои се соочуваат жените од руралните средини, а кои беа и претходно во повеќе наврати потенцирани од страна на Националната федерација на фармери уште еднаш би го потенцирале проблемот поврзан со дискриминацијата на регистрираните индивидуални земјоделци/ки во делот на остварување на правото за користење на платено родителско отсуство и боледување, односно нивното лишување од истото право.

Законот за здравствено осигурување поточно членот 14 од Законот-Право на надоместок на плата за време на отсуство од работа поради бременост, раѓање и мајчинство ги опфаќа осигурениците односно упатува на член 5 став 1, точки 1, 2 и 3 од Законот кој ги опфаќа осигурениците кои имаат право на овој надоместок.  Согласно овој член од  Законот јасно се наведени категориите на осигурениците кои имаат право на овој надоместок меѓу кои се: работник во работен однос, работник во работен однос кај правно лице, самовработено лице, установа, друго правно лице кое врши дејност на јавна служба, државен орган и орган на единиците на локалната самоуправа и градот Скопје; државјанин на РСМ кој на територијата државата е вработен кај странски и меѓународни органи, организации, носител на семејно земјоделско стопанство од втора и трета категорија согласно со Законот за земјоделство и рурален развој и останати и евидентно е дека истиот ги опфаќа само физичките лица кои се вработени и/или самовработени во приватен сектор, државни институции, амбасади, но во истиот има пропуст и не ги опфаќа индивидуалните регистирани земјоделки односно земјоделци кои се регистрирани согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување. Тоа е категоријата на земјоделки кои индивидуално плаќаат здравствено и пензиско осигурување секој месец и со тоа им тече стаж и нивна единствена дејност е земјоделството.  

Од друга страна согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување индивидуалните регистрирани земјоделци кои имаат поднесено пријава за осигурување имаат својство на осигуреници (член 125 ).

Согласно член 15 од Законот за здравствено осигурување –Услови за остварување на правото на надоместок на плата– се регулира кои осигуреници можат да остварат право на надоместок на плата повикувајќи се на членовите 13 и 14 од истиот закон каде се наведени осигурениците кои можат да остварат право на надоместок на плата и под кои услови можат да го остварат истото.  Повторно и во овој член се изоставени индивидуалните регистрирани земјоделци иако истите исполнуваат услови наведени во членот како што се редовно уплатувани придонеси за задолжително здравствено осигурување и /или здравствено осигурување кое траело најмалку шест месеци непрекинато.

Согласно член 13 од истиот закон- Право на надоместок на плата за време на привремена спреченост за работа поради болест и повреда-се регулира кои осигуреници имаат право на надоместокот и се упатува на осигурениците наведени во член 5 став 1 точки 1, 2 и 3. Во истиот член веќе напомнавме погоре се исклучени индивидуалните регистрирани земјоделци согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување што значи дека истите немаат право на овој надоместок во случај на болест, повреда на работа и останати права регулирани со член 13.

Законот за здравствено осигурување ги исклучува индивидуалните регистирани земјоделци регистрирани според Законот за ПИОМ и истите немаат право на надоместок на плата за време на привремена спреченост за работа поради болест и повреда ниту пак имаат право на остварување надоместок на плата за време на отсуство од работа поради бременост, раѓање и мајчинство. Истото претставува лишување од нивните основни права и директна дискриминација.

Поради директната дискриминација на оваа категорија на граѓани/ки уште еднаш би сакале да ја потенцираме потребата од итни

  • Измени на Законот за здравствено осигурување  со цел остварување на правото на родителско отсуство и боледување на регистрираните земјоделки, односно земјоделци;
  • Министерството за здравство неопходно е да отпочне инклузивен процес за измени и дополнување на Законот за здравствено осигурување  во кој ќе бидат вклучени и здруженијата на граѓани кои ги застапуваат руралните жени;
  • Исто така потребни се и измени и интервенции и во Законот за социјална сигурност за стари лица каде во член 3 е наведено дека ,,ако подносителот на барањето за остварување на правото има брачен другар или лице со кое живее во вонбрачна заедница со навршени 65 год возраст правото го остварува само едно од лицата’’ имајќи ја предвид традицијата и традиционалните норми кои се доминантни во руралните средини многу очекувано е дека лицето кое во овој случај ќе има право и предност на социјална сигурност ќе биде мажот. Затоа сметаме дека овде има простор за промени и интервенции.

Националната федерација на фармери овие барања заедно во пакет со останати барања  ги даде и како препораки до Обединетите нации, каде што НФФ со поддршка на We Effect поднесе извештај до Комитетот за елиминација на сите форми на дискриминација на жените коj ја следи имплементацијата на Конвенцијата за елиминација на дискриминацијата на жените ратификувана од РМ во 1994 година и сите наши барања Комитетот на Oбединетите Нации ги даде како препораки до нашата Влада за подобрување на економската и социјалната положба на жените во руралните средини. Токму овие препораки се и дел од Декларацијата за подобрување на економската и социјалната положба на жените од руралните средини која е потпишана од Националната федерација на фармери, Министерството за труд и социјлана политика и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во 2018 година.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

22,878FansLike
0FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -

Latest Articles