1.8 C
Skopje
Wednesday, January 26, 2022

Tркалезна маса „Политики и мерки за лицата со попреченост во рурални средини”

Во рамките на проект ,, Од попреченост до обезбеденост со храна”/ From Disability to FoodAbility, Националната федерација на фармери денеска одржа тркалезната маса за политики и мерки за лицата со попречености во руралните средини на која присуствуваа претставници од 6 општини: Чашка, Чешиново-Облешево, Лозово, Босилово, Василево, Велес. Меѓу учесниците имаше и претставници на подрачни основни училишта, секторите за локален економски развој, соработници за јавни дејности.

Настанот го отовори Професорката Оливера Рашиќ –Цаневска даде осврт на подготвителните активности во рамки на кои беше извршено мапирањето на семејствата кои понатаму беа поддржани, спроведените теренски активности со цел социјална интеграција на лицата и делот на економското зајакнување на лицата преку поддршка со градини со храна (пластеници) и сточарски фарми со цел работно активирање на лицата. Информираше и за инфраструктурните интервенции во форма на сензорни соби и инклузивни детски игралишта како и потребата од развој на нови социјални услуги пред сѐ во руралните средини. Беше прикажана состојба на лицата со попреченост во државата во која најголем дел од нив се вработени во заштитни друштва и потребата. На самиот почеток на настанот се обрати Даниела Антоновска, проект координатор во НФФ која даде краток осврт на проектот, вклучените општини, социо-економската компонента на проектот како и активностите кои се спроведени.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

22,878FansLike
0FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -

Latest Articles