Националната Федерацијата на Фармерите (НФФ) е организиран глас на македонските земјоделци со мисија „Профитабилно земјоделство – Стабилно село”. Целните групи со кои работи НФФ ги опфаќа сите категории земјоделци, најсиромашните, ранливите, земјоделските семејни стопанства, земјоделските организации и земјоделските задруги, како еден од најсовремените облици на организација на здружениот труд и настап на пазари. НФФ како основна алатка го има лобирањето и застапувањето на земјоделците и реализацијата на активности во подобрување на бизнис опкружувањето, едукација и информирање на земјоделците во насока на зголемување на продуктивноста и конкурентноста. НФФ посветува посебно внимание на младите и жените, родовата еднаквост и намалувањето на сиромаштијата во руралните средини.

Националната Федерација на фармери, Скопје, има потреба од ангажирање на советодавна -консултантска компанија со тим од експерти:агроном,технолог,експерт за изработка на бизнис план, експерт за договорно производство, експерт за сметководтсвена евиденција на фарма.

Специфичните задачи и испораки на консултантската – советодавна компанија се:

Прва испорака:

Поддршка на малите земјоделци во насока на подобрување на нивните сегашни произвони практики.  Задачите и одгворноста на агрономот е да ги советува и надгледува земјоделците во врска со имплементацијата на напредни производствени технологии. Агрономот ќе работи со таргет групата мали земјоделци, поточно со производителите на јаболка. Оваа активност постепено ќе се пренесува и ќе се вградува во бизнис моделот  на интервентниот партнер на НФФ,  земјоделското стопанство, во Ресен.

Втора испорака:

Подобрен рецепт за производство на домашен сок од јаболка. Овој дел од испораката на производот, ќе го води технолог за храна кој директно ќе соработува со интервентниот партнер на НФФ, во Ресен. Целта на оваа задача е, да се подобри целокупниот процес на правење сок од јаболка и да се избалансира недостатокот од знаење на примачот, во сите фази на процесот: прием на суровината, складирање, пресување, пастеризирање, мешање овошни сорти, флаширање, складирање на финални производи итн.

Трета испорака:

Изработка на бизнис план за земјоделското стопанство-интервентниот партнер. Експертот ќе го насочува интервентниот партнер како да направи бизнис план и ќе изработи бизнис план за  интервентниот партнер.

Четврта испорака:

Изготвени правни договори за договорно земјоделство и поддршка на процесот на договорно земјоделство и деловни односи помеѓу земјоделците и откупувачите на земјоделски производи. Подготовка и изработка на правни документи.

Петта испорака:

Земјоделско сметководство и администрација на земјоделско стопанисување на интервентниот партнер и обука на земјоделците за основни сметководствени вештини и вештини за водење сметководстеван евиденција на фарма.

Очекуваниот обем на работа, односно времето за испорака на секоја од услугите од страна на консултантската-советодавна компанија, е како што е наведено подолу:

Агрономот ќе биде ангажиран дваесет (20) работни дена во текот на периодот од 20-ти јануари до 30-ти март 2022.

Технологот ќе биде ангажиран триесет (30) работни дена во текот на периодот од 20-ти јануари до 30 март 2022.

Експертот за развивање на бизнис план ќе биде ангажиран дваесетипет (25) работни дена во текот на периодот од 20-ти јануари до 30-ти март 2022.

Правниот експерт за договорно земјоделство ќе биде ангажиран десет (10) работни дена, во периодот од 20 јануари до 30-ти март 2022.

Експертот за сметководство ќе биде ангажиран дваесет (20) работни дена, во периодот од 20-ти јануари до 30 Март 2022.

Барања за квалификација

Задолжителни технички критериуми за компанијата:

• Минимум 5 години професионално искуство во вршење на советодавни и консултантски услуги

• Портфолио на комплетирани 3 слични или идентични услуги поврзани со предметот на набавката

• Предлог тим од најмалку пет лица: агроном, технолог, експерт за изработка на бизнис план, правен експерт за договорно земјоделство и експерт за земјоделско сметководство. Едно од овие лица ќе биде одговорно за водење на сите процеси од компанијата и ќе биде во директна комуникација со проектниот тим на  Националната федерација на фармери.

Барања за квалификација на членовите на стручниот тим-тим поединци:

Минимум барања за агрономот: Универзитетска или професионална диплома по земјоделски науки. Најмалку 3 години релевантно професионално работно искуство    во областа на развојот на земјоделството и/или поддршка на групи на фармери и/или развој на вештини, вештини за подготовка  на едукативни материјали.

Минималните барања за технологот: а) Универзитетска или професионална диплома по технологија за храна и биотехнологија и/или земјоделски науки. Најмалку 3 години релевантно професионално работно искуство во областа на процес за преработка на храна, следење на контрола на квалитетот на процесот на производство на храна со цел производство на квалитетни  и според стандарди финални производи и/или професионално искуство во земјоделска преработка и производи со додадена вредност и/или поддршка на групите на фармери.  

Минималните барања за експерт за бизнис план: а)Универзитетска или професионална диплома за финансиски менаџмент, бизнис менаџмент, економија. Најмалку 3 години релевантно професионално работно искуство во областа на развој на бизнис планови и/или развој на земјоделството и/или поддршка на групи на фармери.

Минималните барања за експерт за договорно земјоделство: а) Универзитетска или професионална диплома по право. б)Најмалку 3 години професионално искуство во областа на правото, изготвување на договори и други правни документи. Знаењето од областа на договорното земјоделство како механизам во синџирите за снабдување на агро-прехрамбени производи и како алатка за промовирање на пристапот на малите фармери до пазарите, ќе се смета како силна страна.

Минималните барања за експерт за сметководство на фарма: а) Универзитетска или професионална диплома по сметководство и агро економија. б) Најмалку 3 години професионално искуство во сметководство, финансиска евиденција и администрација в) Како предност ќе се смета претходна работа во областа на земјоделско сметководство

За овој повик, компаниите треба да ги достават следните документи:

• Портфолио на компанијата (што укажува на работата на претходни слични ангажмани)

• Компанијата треба да ги наведе имињата на експертите вклучени во спроведувањето на бараните услуги и да ги испрати нивните професионални биографии.

•  Финансиска понуда со назначување на цена на секоја услуга од дел II ( во приложениот ТоР на англиски јазик) поединечно за агроном, технолог, експерт за изработка на бизнис план, правен експерт за договорно земјоделство и експерт за земјоделско сметководство и вкупен износ на сите услуги. Понудата треба да биде изразена во МКД со вклучен ДДВ.

• Тековна состојба на компанијата издадена од Централен регистар на Р.С.М, не постара од 6 месеци.     

•Доставување на декларација која е прилог на оној повик

Документите/понудите да бидат доставени не подоцна од 29.12.2021 (среда) на e-mail: nff@nff.org.mk и vidanka.martinovska@nff.org.mk.

Некомплетните апликации и/или апликациите примени по истекот на рокот нема да бидат земени предвид.

Евалуација на понудите:

Понудите ќе се оценуваат според следните критериуми:

60% претходна или слична работна задача

40% најповолна финансиска понуда

Целосниот опис на активноста е наведена во прикачениот документ, и воедно е прикажена и декларацијата која треба да се потпише.

ToR-consulting-advisory-agency-15122021-11111-1

Декларација-за-непостоење-на-конфликт-на-интереси-2