Националната Федерацијата на Фармерите (НФФ) е организиран глас на македонските земјоделци со мисија „Профитабилно земјоделство – Стабилно село”. Целните групи со кои работи НФФ ги опфаќа сите категории земјоделци, најсиромашните, ранливите, земјоделските семејни стопанства, земјоделските организации и земјоделските задруги, како еден од најсовремените облици на организација на здружениот труд и настап на пазари. НФФ како основна алатка го има лобирањето и застапувањето на земјоделците и реализацијата на активности во подобрување на бизнис опкружувањето, едукација и информирање на земјоделците во насока на зголемување на продуктивноста и конкурентноста. НФФ посветува посебно внимание на младите и жените, родовата еднаквост и намалувањето на сиромаштијата во руралните средини.

Националната Федерација на фармери, Скопје, има потреба од ангажман на маркетинг агенција за спроведување и истражување на пазарот за продажба на сок од јабоко, брендирање на производот и стратегија за промоција во рамките проектот „Организациски развој на НФФ и подобрени врски со пазарот за малите земјоделци и производители од рурални области со цел зголемување на приходите (Market System Development- P9408)” поддржан од Шведската организација за развој We effect и Sida.

Специфичните задачи и испораките на експертите се следниве:

• Истражување на пазарот за продажни канали за сок од јаболка и воспоставување на тие врски

• Брендирање на производ

• Креирање на стратегија за промоција, особено идентификација на продажни канали

Очекуван обем на работа, односно време за испорака на работата

•Со маркетинг агенцијата ќе се склучи договор во периодот од 20 јануари до 28 март 2022 година

Квалификација на компанијата:

• Минимум 5 години професионално искуство во спроведување на истражувања на пазарот со посебен фокус на идентификација на продажните врски, брендирање на производите и стратегија за промоција на производите

•Портфолио на 5 слични или идентични набавки поврзани со предметот на набавката

Заинтересираните компании за овој ангажман треба да ги достават следните документи најдоцна до 29 декември 2021 година на е-пошта nff@nff.org.mk и vidanka.martinovska@nff.org.mk :

• Ажурирано портфолио на компанијата (што укажува на работа на претходни слични ангажмани)

• Финансиска понуда (со назнака за цена за анализа на пазарот, за брендирање на производот и за стратегија за промоција, поединечно и вкупен износ за сите). Понудата треба да биде изразена во МКД со вклучен ДДВ

• Тековна состојба на маркетинг агенцијата издадена од Централниот регистар на РСМ, не постара од 6 месеци

• Технички предлог на 2 страници со детален план за работа, предлог методологија и пристап за бараните активности

• Доставувањето на Декларација наведена во самиот оглас

Некомплетните апликации и/или апликациите примени по истекот на рокот нема да бидат земени предвид.

Евалуација на понудите:

Понудите ќе се оценуваат според следните критериуми:

60% претходна или слична работна задача

40% најповолна финансиска понуда

Целосниот опис на активноста е наведена во прикачениот документ, и воедно е прикажена и декларацијата која треба да се потпише.

 

ToR-marketing-agency-1

Декларација-за-непостоење-на-конфликт-на-интереси