-3.2 C
Skopje
Wednesday, January 26, 2022

Јавен повик бр.23/2021 Повик за ангажман на експерт за подготовка на мултидимензионална анализа на сиромаштијата во Северна Македонија

Националната Федерацијата на Фармерите (НФФ) е организиран глас на македонските земјоделци со мисија „Профитабилно земјоделство – Стабилно село”. Целните групи со кои работи НФФ ги опфаќа сите категории земјоделци, најсиромашните, ранливите, земјоделските семејни стопанства, земјоделските организации и земјоделските задруги, како еден од најсовремените облици на организација на здружениот труд и настап на пазари. НФФ како основна алатка го има лобирањето и застапувањето на земјоделците и реализацијата на активности во подобрување на бизнис опкружувањето, едукација и информирање на земјоделците во насока на зголемување на продуктивноста и конкурентноста. НФФ посветува посебно внимание на младите и жените, родовата еднаквост и намалувањето на сиромаштијата во руралните средини.

Националната Федерација на фармери, Скопје, има потреба од ангажман на експерт за подготовка на мултидимензионалната анализа во рамките проектот „Организациски развој на НФФ и подобрени врски со пазарот за малите земјоделци и производители од рурални области со цел зголемување на приходите (Market System Development- P9408)” поддржан од Шведската организација за развој We effect и Sida  

Специфичните задачи и испораки на експертoт се:

• Развивање методологија за анализите

• Desk истражување за моменталната состојба на сиромаштија во Република Северна Македонија врз основа на статистички податоци од последниот попис на населението од 2021 година од Државниот завод за статистика и други релевантни извори/и бази на податоци

• Развивање на прашалник и спроведување истражување кај целната популација  која треба да ги вклучи сите 4 контексти на сиромаштија, како што се: политички и институционален, економски и социјален, еколошки, конфликт и  контекстот на мир.

• Преглед на сиромаштијата во Република Северна Македонија и состојбата на ранливите групи

Очекуван обем на работа, односно време за испорака на работата

• Експертот/ти ќе бидат ангажирани 30 работни дена вкупен ангажман, во периодот од 20 јануари 2022 година до 1 март 2022 година.

Барања за квалификација

Задолжителни технички критериуми:

• Соодветно образование (универзитетска диплома за општествени науки или земјоделство)

• Најмалку 5 години професионално искуство во спроведување на  истражувања и теренска анализа во областа на земјоделството, руралниот развој, сиромаштијата и/или човековите права

• Автор и/или коавтор на најмалку 3 сеопфатни истражувања или анализи спроведени во последните 5 години, придружени со врски и/или слични докази за спроведено истражување и/или анализа.

Процедура за аплицирање

Заинтересираните кандидати за овој ангажман треба да ги достават следните документи на е-пошта nff@nff.org.mk и vidanka.martinovska@nff.org.mk најдоцна до 29 декември 2021 година:

Ажурирана биографија која јасно укажува на претходната анализа и/или слични задачи

Финансиска понуда, предлог со наведување брута цена на дневница во МКД и целосен изнис на ангажманот

Доставувањето на Декларација која е прикачена во огласот

2 страници Технички предлог со детален план за работа и предлог методологија и пристап

Некомплетните апликации и/или апликациите примени по истекот на рокот нема да бидат земени предвид.

Евалуација на понудите:

Понудите ќе се оценуваат според следните критериуми:

60% претходна или слична работна задача

40% најповолна финансиска понуда

Целосниот опис на активноста е наведена во прикачениот документ, и воедно е прикажена и декларацијата која треба да се потпише.

ToR-expert-for-Multidimensional-analysis-1111-1

Декларација-за-непостоење-на-конфликт-на-интереси

 

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

22,878FansLike
0FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -

Latest Articles