-3.2 C
Skopje
Wednesday, January 26, 2022

Пчеларството потенцијален бизнис за младите луѓе

Намалување на невработеноста на младите од руралните средини со диверзификација на можностите за вработување, е втората интервенција на Националната федерација на фармери (НФФ), која започнува да ја спроведува во рамките на проектот „Организациски развој на НФФ и подобрени пазарни врски за малите фармери и производители на храна од руралните области со цел зголемен приход“, поддржан  од Шведската организација за развој We Effect и  Sida.  Токму во оваа насока ќе се работи на едукација за нови пчелари кои на пазарот ќе настапат со квалитетен мед. Интервентен партнер е здружението ЈГПБР МЕДЕН ИСТОК  од Кочани. Тимот на Националната федерација на фармер денеска реализираше теренска посета и го посетија пчеларникот на Меден Исток во Кочани каде што се изведува практична обука. Билјана Петровска – Митревска проект менаџер во Националната федерација на фармери, како кординатор за организациски развој на проектот, истакна дека оваа интеревнција има за цел да воспостави бизнис модел со фокус на младите, за да бидат идни пчелари кои ќе произведуваат квалитетен и сертифициран мед со сертификационата ознака „Одржливо произведен мед и други пчелни производи“.

Васко Хаџиевски , We Effect Programme officer, Europe Region истакна дека во Македонија не се обрнува доволно внимание на примарниот сектор кој што произведува храна, обезбедува вработувања, приходи, но и даноци за трошоците во скапиот државниот сектор, во кој има преголемо вработување. „Младите и средовечните луѓе од руралните подрачја кои се во полна работна и творечка сила (особено во земјоделството) интензивно ја напуштаат гранката затоа што стануваат не конкурентни на глобалниот пазар, заради бројни причини, но и заради несреденоста на домашниот пазар.  Оваа скромна интервенција има за цел да им даде можност, помош и поттик на младите луѓе за поголеми приходи преку само-вработување и од друга страна да го подобри пристапот на пазарот за производство и продажба на сертифициран мед со ознака за квалитет“.

Ванчо Кироски, претседател на Меден Исток , истакна дека целта на обуките e учесниците да се стекнат со основни знаења, вештини и компетенции за примена на основни практики и техники за одржливо пчеларско производство. Оваа обука е  регистрирана во Државниот завод за индустриска сопственост при Министерство за образование. Во согласност со прописите за сертификација, примената на одржливи практики и квалитетот на пчелните производи се гарантираат со постојано следење и контрола на производите означени со нивната етикета за сертификација „Одржливо произведен мед и други пчелни производи“.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

22,878FansLike
0FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -

Latest Articles