-3.2 C
Skopje
Wednesday, January 26, 2022

НФФ завршна конференција за проектот ,,Од попреченост до обезбеденост со храна”/ From Disability to FoodAbility

На  10  декември, 2021, во х. Александар Палас во Скопје, Националната федерација на фармери на завршна конференција ги презентираше резултатите и достигнувањата на проектот ,,Од попреченост до обезбеденост со храна”.  Конференцијата е дел од проектот ,,Од попреченост до обезбеденост со храна” / From Disability to FoodAbility кој започна да се спроведува во јули 2019 година со поддршка на Шведската организација за развој We Effect и Radiohjalpen.  Како надворешна експертиза на полето на лица со попреченост, во овој проект е вклучен Институтот за специјална едукација и рехабилитација при Филозофскиот факултет во Скопје. Настанот се реачлизира на Меѓународниот ден за човековите права.

Анализата направена во рамките на проектот покажа дека 51% од лицата со попреченост живеат под прагот на сиромаштија и се подложни на дискриминација. Со застапеност на 40% жени со попреченост, во примерокот, се укажува на потребата од максимално искористување на нивниот потенцијал за земјоделско производство, но и преработка на производите. Највисок е процентот  на лицата со телесна инвалидност (39%), а тоа значи дека со адаптација на просторот и нивно лично зајакнување со фини вештини, може да добиеме продуктивни работници кои можат да придонесуваат за квалитетот на својот живот и животот на нивните семејства.

Ова е прв проект во Република Македонија, кој ги истакна проблемите и предизвиците на лицата со попречености во руралните средини и овозможи да се слушне нивниот глас. Посебен фокус во рамките на проектот е даден на зајакнување на капацитетот на секој поединец и индиректно зајакнување на  семејството, како и  поттикнување на руралниот развој .

„Ќе се бориме, не се предаваме до крај. До каде се може до таму, но, не се предавам“, гласно го дигна својот глас Славица Димовска, хероина, лице со попреченост која беше една од корисниците во рамките на проектот од општина Чашка. Славица Димовска доживеала безброј премрежија во својот живот… понижувана, отфрлена дури и од најблиските и финансиски го преживува месецот со 4000 денари. Таа е благодарна на поддршката на општината Чашка и хуманите луѓе кои и помагаат. Нејзиниот весел дух, позитивна енергија, е тунелот низ кој таа оддалеку ја гледа светлината на својот ден. Славица на завршната конференција на проектот From Disability to FoodAbility потенцира дека поддршката која и ја пружи НФФ и We Effect со овој проект е голем прозорец за егзистенција, а токму оваа поддршка поттикнала многумина од селото да и пружат помош. „Потребна ми е помош, тешка е осаменоста, барем еднаш неделно некој да ми дојде во посета, да комуницира со мене “, потенцира Славица.

                Со поздравни говори на конференцијата се обратија г-ѓа Кристин Форсгрен Бенгтсон, амбасадорка на Шведска во Р.С.Македонија, г-ѓа Анели Леина, регионална директорка на Шведската организација за развој We Effect,  г-ѓа Кристина Хеншен, генерална секретарка на Радиохјалпен (снимено обраќање), проф. д-р Ратко Дуев, декан на Филозофски факултет, г-дин Владимир Лазовски, советник за инклузија и попреченост во МТСП и г-ѓа Васка Мојсовска, претседателка на НФФ.

                Кристин Форсгрен Бентстон, амбасадорка на Кралството Шведска во Р.С. Македонија, ја истакна огромната важност на проектот „Од попреченост до обезбеденост со храна “(From Disability to FoodAbility. Овој проект  ги отвори круцијалните прашања за развој на општеството, за коишто има решенија, како што покажува имплементацијата на овој проект. Решавањето на проблемите на лицата со попреченост од руралните средини, се темелот на едно стабилно општество. Никој да не остане заборавен!. Со силна емоционална порака, амбасадорката Кристин Форсгрен Бенгтстон им порача на лицата со попреченост од руралните средини и на целото рурално население, да продолжат да работат напорно и да го задржат силниот дух и позитивна енергија енергијата која што таа ги видела кај нив и е инспирација за сите.

„Проектот „Од попреченост до обезбеденост со храна “(From Disability to FoodAbility), претставува пионерски напор во насока на поддршка на лицата со попреченост од руралните области. Проектот обезбеди подобрена егзистенцијонална сигурност за нив, додека посебно внимание им се посвети на жените со посебни потреби кои многу често се соочуваат со двојна дискриминација, од една страна заради својот пол а од друга страна заради попреченоста. Горди сме што заедно со Националната федерација на фармери придонесовме кон создавање на подобра рурална средина која е инклузивна, рамноправна и одржлива и каде што правата на лицата со попреченост можат целосно да се остварат,“ истакна Анели Леина, регионална директорка на Шведската организација за развој We Effect.

Кристина Хеншен, генерална секретарка на Radiohjalpen упати порака на завршната конференција преку  видео снимка каде што беше проектиран и краток спот на кампањата   Music Aid,  која во етер се одржува 144 часа на Шведската национална телевизија и Шведското национално радио за собирање на финансиски средства наменети за лица со попречености и лица со ретки болести.

                „Во ова време- невреме, потребно е да се покаже човечност, присебност, да се подаде рака на лицата со посебни потреби, кои станаа невидливи во општеството, заборавени исклучени, егзистенционално на дното. Со проектот „Од попреченост до обезбеденост со храна“(From Disability to FoodAbility), поддржан од Шведската организација за развој We Effect и Radiohjalpen, Националната федерација на фармери направи мал но многу значаен чекор за оваа ранлива група на граѓани. Се слушна гласот на лицата со попреченост во руралните средини, се покрена свесата за покренување акции за поддршка на лицата со попреченост во руралнио средини. Многу семејства со овој проект добија инвестиции за подобрување на нивната егзистенција, потик инспирација да творат во живот и да се чуствуваат полезни во општеството“, изјави  Васка Мојсовска, претседателка на НФФ.

„Проектот „Од попреченост до обезбеденост со храна“(From Disability to FoodAbility), е полн погодок кој ги таргетира најзаборавените. Мултидисциплинарниот пристап во решавањето на ранливите општествени прашања е неопходност да се имплементира. Едно добро од пандемијата, таа не потсети на вистинските вредности на животот, не врати во село и ни потенцира колку е важно селото за едно општество како што е нашето, истакна Ратко Дуев, декан на Филозофскиот факултет во Скопје.

„Правата на лицата со попреченост е општествено прашање и е потребен мултидисциплинарен пристап. Врвен приоритет во реформите на МСТП е инклузија,поддршка на системот на социјални услуги на лицата со попреченост, од индивидуална кон колективна активација“, истакна Владимир Лазовски, советник за инклузија и попреченост во МТСП.

Во втората панел дискусија се обратија проф. Д-р Наташа Станојковска – Трајковска од Институтот за специјална едукација и рехабилитација, Славица Димовска, една од корисниците на проектот од општина Чашка, Благој Данев, претставник од општина Зрновци, една од 17 општини кои беа опфатени во проектот и Стеван Орозовиќ, извршен директор на НФФ. Настанот беше модериран од Билјана Петровска – Митревска, проект менаџерка на НФФ.

На конференцијата беше презентиран мини документарен филм во кој се прикажани активностите и резултатите на проектот и беше презентирано видео за човекови права на лица со попреченост со осврт на Конвенцијата на ООН за правата за лицата со попреченост. Во рамкте на проектот се поддржани 28 семејства од рурални средини кои  имаат лица со попреченост во семејството, на кои што од овој проект им се обезбедени  пластеници за современо производство на храна. Ваквата поддршка претставува извор на егзистенција за овие ранливи семејства. Истовремено, реконструирани се 2 сточарски фарми на две семејства, чиј главен извор на приход е сточарството.  Направени се стручни и директни советувања за производство на семејствата. Изработена е и анализа за мапирање на општествено одговорни претпријатија и бизнис сектор како потенцијални места каде што лицата со попреченост би можеле да ги продаваат своите производи. Изработен е Водич за човекови права на лицата со попреченост, кој на лесен и разбирлив начин ќе ги информира лицата со попреченост за нивните права. Во рамки на проектот врз основа на направена анализа за интервенциите за подобрен пристап до јавни услуги за лица со попреченост спроведени се 17 интервенции во 17 општини во земјата. Интервенциите се во насока на опремување на шест (6) сензорни соби за деца со попреченост во основните училишта во општините и монтирање на единаесет (11) инклузивни игралишта. Истите  ќе придонесат кон социјална и образовна инклузија на децата со попреченост. На настанот кој беше хибриден и можеше да се следи и преку zoom платформата, зедоа учество претставници од националните институции, организации и останати релевантни субјекти.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

22,878FansLike
0FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -

Latest Articles