Националната федерација на фармери организира тркалезна маса за политики и мерки за лицата со попречености во рурални средини во рамки на проектот ,,Од попреченост до обезбеденост со храна” From Disability to FoodAbility,кој е поддржан од We Effect и Radiohjalpen.  Главна цел на тркалезната маса е дискусија за постоечките политики и мерки за лицата со попреченост во руралните средини, понатамошни потреби и предизвици. Оваа е прва тркалезна маса каде што фокусот е ставен на општините и на денешната средба присуствуваа претсваници од општините Зелениково, Македонски Брод, Пласница, Бутел и Тетово. Настанот го отвори Даниела Антоновска, проект координатор која даде краток осврт на проектот и она што е досега спроведено како и за целта на тркалезната маса.  Преставничката од Министерството за труд и социјална политика Софија Спасовска информираше за постоечките социјални и парични услуги, за постоечките Совети за социјална заштита како и за работата во рамки на планските региони каде има јавни повици на кои општините можат да аплицираат и да добијат финансиски средства. Професорката Наташа Станојковска – Трајковска од Институтот за специјална едукација и рехабилитација при Филозофскиот факултет во Скопје даде опширна презентација на проектните активности од почетокот на имплементацијата на проектот па се до крајот.  Дискусијата од страна на учесниците одеше во насока на формирањето и работата на социјалните совети, составот на самите совети и изработката на планови односно програми за работа на советите, бидејќи најголем дел од присутните не беа информирани за постоењето на тие совети и нивната обврска околу формирањето.