Основна цел на овај повик е набавка на 1 (еден) пастеризатор и 1 (една) машина за миење јаболка за спроведување на Пилот интервенција- област 1 – земјоделец од голем обем со лиценца за преработка и продажба на производи од јаболка, во рамки на Проектот „Организациски развој на НФФ и подобрени пазарни врски за малите земјоделци и производителите од руралните области со цел зголемен приход“.

Специфичните испораки кои се очекуваат од компанијата се:

• 1 (еден) електричен пастеризатор за овошен сок со следните технички карактеристики:

√ Капацитет: 120 литри/час

√ Моќност на грејачот: 12KW

√ Димензии Ø 55 x 190 cm

√ Електричен приклучок 400V 50Hz Трифазен

√ Материјал 1.4301 /AISI 304

 • 1 (една) машина за перење јаболка со следните технички карактеристики:

√ Капацитет: 1000 kg/h

√ Моќност на грејачот: 2KW

√ Димензии 300x70x230 cm

√ Специфична-прилагодлива брзина на подвижната лента

√ Електричен приклучок 400V 50Hz Трифазен

√ Материјал 1.4301 /AISI 304

Критериуми за аплицирање на јавниот повик

Задолжителни технички критериуми:

  • Минимум 5 години професионално искуство во продажба на машини за преработка на овошје и земјоделска механизација
  • Портфолио за комплетирање на 5 слични или идентични набавки поврзани со предметот на набавката

Постапка за аплицирање:

Компаниите за овој јавен повик треба да ги достават следните документи:

• Ажурирано портфолио на компанијата (што укажува на продажба на машини за преработка на овошје и агромеханизација)

• Финансиска понуда.

Понудата треба да биде изразена во МКД со вклучен ДДВ

Времето на испорака на пастеризаторот и машината за миење на јаболка (Очекувано време за испорака на набавените артикли, односно машини: Избраната компанија ќе ги достави набавените артикли во рок од најмногу 60 (шеесет) календарски дена од денот на потпишувањето на договорот.

• Техничка понуда.

Во понудата треба да се наведат карактеристиките на пастеризаторот и машината за миење јаболка како капацитет, моќност на греалката, димензии и друго.

Каталог/или брошура од понудените машини ќе се смета за предност.

• Тековен статус на компанијата издаден од Централниот регистар на РСМ, не постар од 6 месеци

• Доставување на изјава-Декларација за немање конфликт на интерес е задолжително за компанијата

Документите/понудите да се достават на е-маил:  nff@nff.org.mk и vidanka.martinovska@nff.org.mk  најдоцна до четврток – 9 декември 2021 година.

Целосниот опис на огласот е наведен во прикачениот документ заедно со Декларацијата која треба да се потпише.

MK-ToR-company-for-procurement-of-pasteurizer-and-apple-washing-machine-002-1МК-1

Декларација-за-непостоење-на-конфликт-на-интереси-1