Главната цел на оваа набавка е да се ангажираат 3 експерти за анализа и планирање на расходите на локалниот буџет, услугите и образованието на локално ниво.
Очекувани задачи од страна на ангажираниот експерт се:
• Да ги разгледаат расходите на локалните буџети за лицата со попреченост и да предложат механизми за подобрување
• да дадат преглед на социјалните услуги за лицата со попреченост и предложени механизми за подобрување
• да дадат преглед на образовни и информативни алатки за лицата со попреченост и предложат механизми за подобрување
Очекуван обем на работа, односно време за испорака на услугата
• Ескпертот ќе биде ангажиран 20 дена за период од 6-ви до 30-ти декември.
Сите клучни активности како што е опишано во деталниот опис на активноста треба да се финализираат до 30 декември.
Критериуми за аплицирање на јавниот повик
Задолжителни технички критериуми:
• Универзитетско образование
Најмалку 10 години професионално искуство во соодветната област
o Буџетска политика и економија за расходите на локалниот буџет
o Социјални услуги, социјална заштита
o Механизми за образование, дефектологија и рехабилитација
• Најмалку 3 години специфично искуство со земјоделство, агробизнис или рурални области
• Се препорачува да има:
• Разбирање на концептот на работа на локалните општини
• Разбирање на состојбата на лицата со попреченост во заедницата
Постапка за аплицирање:
Заинтересираните експерти за овој јавен повик треба да ги достават следните конкретни документи:
• Ажурирана професионална биографија која јасно ги наведува задолжителните критериуми
• Финансиски предлог со дневен надомест, цена на ден во МКД
• Декларација/изјава за немање конфликт на интерес
• Документите и финансиската понуда / предлог треба да се достават по е-пошта daniela.antonovska@nff.org.mk и nff@nff.org.mk најдоцна до 3 – ви декември 2021 до 16.00 часот
• Доколку имате дополнителни прашања во врска со овој повик, може да не контактирате на следната е-поштa daniela.antonovska@nff.org.mk не подоцна од 1 декември 2021
• Поднесување на Декларацијата за немање конфликт на интерес со објавувачот на овој повик и со организацијата донатор на проектот е задолжително за апликантот
Целосниот опис на активноста е наведена во прикачениот документ, и воедно е прикажена и декларацијата која треба да се потпише.
тор-за-екперти-1NFF-deklaracija-2
Stay In Touch