Главната цел на оваа набавка е да се ангажираат 3 експерти за анализа и планирање на расходите на локалниот буџет, услугите и образованието на локално ниво.

Очекувани задачи од страна на ангажираниот експерт  се:

• Да ги разгледаат расходите на локалните буџети за лицата со попреченост и да предложат механизми за подобрување

• да дадат преглед на социјалните услуги за лицата со попреченост и предложени механизми за подобрување

• да дадат преглед на  образовни и информативни алатки за лицата со попреченост и предложат механизми за подобрување

Очекуван обем на работа, односно време за испорака на услугата

• Ескпертот ќе биде ангажиран 20 дена за период од 6-ви до 30-ти декември.

Сите клучни активности како што е опишано во деталниот опис на активноста треба да се финализираат до 30 декември.

Критериуми за аплицирање на јавниот повик

 Задолжителни технички критериуми:

• Универзитетско образование

Најмалку 10 години професионално искуство во соодветната област

o Буџетска политика и економија за расходите на локалниот буџет

o Социјални услуги, социјална заштита

o Механизми за образование, дефектологија и рехабилитација

• Најмалку 3 години специфично искуство со земјоделство, агробизнис или рурални области

•  Се препорачува да има:

• Разбирање на концептот на работа на локалните општини

 • Разбирање на состојбата на лицата со попреченост во заедницата

Постапка за аплицирање:

Заинтересираните експерти за овој јавен повик треба да ги достават следните конкретни документи:

• Ажурирана професионална биографија која јасно ги наведува задолжителните критериуми

• Финансиски предлог со дневен надомест, цена на ден во МКД

• Декларација/изјава за немање конфликт на интерес

 • Документите и финансиската понуда / предлог треба да се достават по е-пошта daniela.antonovska@nff.org.mk  и nff@nff.org.mk најдоцна до 3 – ви декември  2021 до 16.00 часот

• Доколку имате дополнителни прашања во врска со овој повик, може да не контактирате на следната е-поштa daniela.antonovska@nff.org.mk  не подоцна од 1 декември 2021

• Поднесување на Декларацијата за немање конфликт на интерес со објавувачот на овој повик и со организацијата донатор на проектот е задолжително за апликантот

Целосниот опис на активноста е наведена во прикачениот документ, и воедно е прикажена и декларацијата која треба да се потпише.

тор-за-екперти-1

NFF-deklaracija-2