2.8 C
Skopje
Sunday, November 28, 2021

Самитот ,, Нови перспективи за женско претприемништво”

Самитот ,, Нови перспективи за женско претприемништво” беше одлична можност на симболичен начин да се одбележиСветскиот  ден на женското претприемништво  (19-ти ноември), да се даде осврт на предизвиците со кои се соочуваат жените претприемачки како и да се допре до креаторите на политиките со цел  креирање на  поволни и  родово еднакви услови за создавање на позитивна бизнис клима.

Годишниот самит во времетраење од два дена (18-19 ноември) ја зголеми видливоста на Националната платформа за женско претприемништво, ги постави на иста маса сите засегнати страни олеснувајќи го на тој начин структурниот дијалог и придонесувајќи кон вмрежување, консултации и зголемување на видливоста на жените претприемачи.

Во текот на првиот ден од годишниот самит свое обраќање имаа министерот за економија, заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, претставник од Делегацијата на ЕУ, градоначалничката на град Скопје, претседателката на НПЖП искажувајќи ги заложбите на релевантите институции во креирање на позитивни политики за поддршка на женското претприемништво.

Истовремено беа доделени и награди за најуспешни претприемачки во мали и средни компании под покровителство на Министерството за економија. Добитници на наградите беа компаниите Семос едукација во категорија мали претпријатија и Ленди груп Дооел во категорија средни претпријатија.

На првиот ден на Самитот се одржаа две панел дискусии. На панел дискустија на тема ,,Меѓународни искуства и успешни приказни во поддршка на женското претприемништво” еминентни жени од светот на претприемништвото и бизнисот ги споделија своите искуства, позитивни примери и добри практики.

На панел дискусијата ,,Поглед кон иднината на женското претприемништво” панелистките –сопственички на претпријатија дадоа свој осврт на своите лични почетоци во претприемништвото како и видувања како понатаму по ковид 19 пандемијата треба да се движи претприемништвото. Панелисти беа Валентина Тасева од СЕМОС Едукација, Даница Личaнин Блажеска -сопственик на Рептил Маркети и Васка Мојсовска, сопственик на Агро Калем и претседателка на Националната федерација на фармери.

Се одржаат и Б2Б средби, односно состаноци во живо каде учесничиките имаа можност да разменат искуства, да се вмрежат и постават основи за понатамошна соработка.

Вториот ден од Самитот го одбележија две панел дискусии каде беа презентирани програмите и инструментите за финансирање на женското претприемништво од страна на претставници на Министерството за економија, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Фондот за иновации и технолошки развој, ЕБДР, акцелератори.

 Претставничките на организациите имплементатори на проектот ги претставија досегашните активности реализирани во рамки на проектот како и идните чекори и активности во рамки на НПЖП.  Во рамки на вториот ден се одржаа и работилници за финансиски менаџмент и обезбедување на финансии/односи со инвеститори.

Беа доделени награди за најуспешна млада лидерка и најдобра граѓанска организација-добра практика. Добитнички на наградите беа Флорина Џингова од MZDS Academy и Центарот за управување со промени (ЦУП).

На првиот годишен самит присуствува околу 150 претприемачки од земјава. Истиот се пренесуваше во живо на социјалните медиуми (Facebook), а заинтересираните можеа да го следат и преку платформата ZOOM.  

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

21,989FansLike
0FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -

Latest Articles