2.8 C
Skopje
Sunday, November 28, 2021

Студиски кружок ,,Подигнување на нивото на знаење на лицата со попреченост и згрижувачки семејства за правата социјалната и здравствена заштита”

Во рамки на проектот за социо-економско зајакнување на лицата со попреченост From Disabilty to FoodAbility , поддржан од Шведската организација за развој We Effect и Radiohjalpen се одржаa четири состанока на студиски кружок на тема ,,Подигнување на нивото на знаења на лицата со попреченост и згрижувачки семејства за правата од социјалната и здравствената заштита.”  Студискиот кружок претставува алатка за неформална едукација на возрасни во мали групи. Во рамки на кружокот учесниците се среќаваат неколку пати и дискутираат за одредено прашање со цел информирање, едукација и  проширување на знаењето по  приоритетно прашање.

Во студискиот кружок земаа учество лица од општините Македонски Брод и Пласница.

Вкупно беа вклучени 6 семејства, односно три семејства на лица со попреченост и три згрижувачки семејства. Состаноците на студискиот кружок се одржаа онлајн преку вклучување на онлјан платформите под водство на координатор и надворешен експерт. Во студискиот кружок земаа учество 10 лица, 5 жени и 5 мажи.

Од страна на експертот лицата со попреченост се информираа за правата од областа на здравствената заштита со фокус на правата на здравствена заштита на децата во згрижувачките семејства, механизмите за заштита на човековите права и расположливите социјални услуги.

Како клучни проблеми со кои овие лица се соочуваат беа наведени инфраструктурни проблеми односно немањето расположлив транспорт и бирократските процедури при обновување на потребната документација за децата од згрижувачките семејства како и недоволните капацитети на здравствените работници во пружањето здравстени услуги на овие деца.

Потребно е да се олеснат процедурите за пријавување во центрите за социјална работа како и за обновување на документацијата. Во рамки на студискиот кружок беше изработена информативна брошура за здравствените и социјалните услуги и истата беше дистрибуирана до учесниците и  до претставници од локалните самоуправи.

Преку вакви едукативни настани во рамки на студискиот кружок лицата ја зголемија својата информираноста за услугите и правата во областа на здравствената и социјалната заштита со  фокус на згрижувачките семејества.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

21,989FansLike
0FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -

Latest Articles