2.8 C
Skopje
Sunday, November 28, 2021

Организирани обуки со општините ,,Пристап базиран на човекови права и вклучување на родова перспектива “

Во рамки на проектот за социо-економско зајакнување на лицата со попреченост From Disabilty to FoodAbility , поддржан од Шведската организација за развој We Effect и Radiohjalpen се одржаa две обуки на тема  ,,Пристап базиран на човекови права и родова перспектива.”  

Обуките се одржаа на 10-ти и 11-ти ноември на платфромата ТИМС. Целта на обуките беше зајакнување на капацитетите на претставници од 17 општини, претставници од училишта, центри за социјална работа, дневни центри и граѓански организации за застапување на интересите на лицата со попреченост, за унапредување и заштита на правата и активно вклучување на овие лица во сите сфери на локалниот живот.

Предавачи беа експертки од Институтот за специјална едукација и рехабилитација при Филозофскиот факултет во Скопје.

Учесниците на обуките се здобија и ги проширија своите знаења и информации за темите од застапување и лобирање за правата на лицата со попреченост, конвенцијата за лица со попреченост, одржување на менталното здравје на лица со попреченост во време на пандемија, како и за достапните услуги на локално ниво и инклузија на лицата со попреченост.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

21,989FansLike
0FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -

Latest Articles