2.8 C
Skopje
Sunday, November 28, 2021

Презентација на резултатите и наодите од проценка на одржливоста на земјоделските стопанства во контекст на климатски паметно земјоделството во Северна Македонија

Пред 76 учесници на онлајн работилница Националната федерација на фармери (НФФ) и Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО ги претставија резултатите и наодите од истражувањето на тема „Проценка на одржливоста на земјоделските стопанства во контекст на климатски-паметно земјоделство“ во Северна Македонија. Истражувањето е спроведено од НФФ како дел од проектот на ФАО „Одржлива продуктивност во земјоделството во контекст на климатски-паметно земјоделство и агроекологијата“.

Истражувањето се спроведе врз 300 земјоделци од цела територија на државата во која се опфатени учесници помеѓу 22 и 77 години. Половата поделба покажува дека 25% од учесниците се жени, наспроти 75% од машки учесници.  

Наодите на  истражувањето покажаа дека земјоделски стопанства се економски слаби и имаа ограничен пристап до финансии и ресурси за нивен развој, посебно во делот на користење на нови технологии за прилагодување на земјоделството на новите климатски услови. Повеќе од 45% од сите домаќинства егзистираат од два извора на приходи, од кои 26% припаѓаат на редовен работен однос. Пристапот до социјални и здравствени услуги е ограничен. Електричната енергија е убедливо главен извор на енергија кај учесниците во истражувањето, додека сончевата енергија е убедливо најмалку користен извор на енергија, а со тоа и едно од поголемите полиња за подобрување. Согорување на отпадоци не го практикуваат повеќе од 90% од учесниците. Рециклирањето се практикува речиси подеднакво меѓу сите возрасни групи, т.е. околу 20% за возрасни групи меѓу 20 и 40 години, 41 и 50 години и 51 и 60 години, со малку повисока процентуална вредност (27%) за возрасната група над 60 години.

На самиот почеток на работилницата се обратија Александар Мусалевски, претставник на МЗШВ, Рубен Сеса, Координатор за природни ресурси, Канцеларија на ФАО за Климатски промени, биодиверзитет и животна средина, Седиште на ФАО, Рим  и Васка Мојсовска, претседател на НФФ.

Стеван Орозовиќ, извршен директор на НФФ и  Владимир Трајковиќ, консултант го презентираа истражувањето  “Проценка на одржливоста на земјоделските стопанства во контекст на климатски паметно земјоделството (CSA)”.  

Радмила Славкова од канцеларијата на ФАО во Скопје на работилницата ги презентира тековните и досегашните активности на ФАО во РСМ, вклучително и информациите за веб-страницата www.agrometeo.mk управувана од Управата за Хидрометереолошки работи која дава податоци за времето и климата, агрометеоролошки предупредувања, како и фенолошки мониторинг и прогнози кои им помагаат на земјоделците да се справат со најчестите болести и штетници предизвикани од климатските промени.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

21,989FansLike
0FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -

Latest Articles