2.8 C
Skopje
Sunday, November 28, 2021

Прирачник за фармери „Преку финансиска писменост до финансиска инклузија“

Целта на овој прирачник е да придонесе кон подобрување на финансиската писменост на фармерите за да можат во иднина да носат правилни финансиски одлуки. Инвестициските одлуки се зависни од финансиските одлуки. Откако фармерите ќе донесат добри одлуки во што да инвестираат, треба да одберат поволен начин да ја финансираат инвестицијата, односно да одберат правилен начин на задолжување. Фармерите најчесто користат сопствени средства на финансирање, но и неформални извори, како што се заеми од роднини, пријатели и нелиценцирани лица.

„Постојат многу малку формални финансиски производи што се прилагодени за употреба од страна на фармерите, а најчест начин на финансирање на инвестициите е преку кредит. Фармерите ќе успеат да го развијат својот земјоделски бизнис, само со добра инвестиција и правилен избор на кредитен договор“, , потенцираат авторите проф. д-р Ана Симоновска и проф. д-р Драган Ѓошевски.

Прирачникот е дел од активностите на проектот „Организациски развој на НФФ и подобрување на пазарните врски за малите земјоделцин и производители од руралнитеобласти со цел зголемување на приходите“, поддржан од Шведската агенција за меѓународна соработка и развој– Sida и Шведската организација за развој We Effect.

Finansiska-pismenost-22.09-final

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

21,989FansLike
0FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -

Latest Articles