2.8 C
Skopje
Sunday, November 28, 2021

Жени во руралните средини-претприемништво

Денеска, Секторската група која се формира во рамки на Националната платформа за женско претприемништво одржа конструктивен состанок на тема „Жени во руралните средини-претприемништво.

На состанокот учествуваа претставници на четирите здруженија основачи на Платформата: Здружението  на бизнис жени, Нацонална федерација на фармери, Здружение на стопански комори на Македонија и Фондацијата МИР;  Валентина Дисоска, Даниела Антоновска, Мими Шушлеска-Петкова и Емилија Андонова , како и членовите на Секторската група: Павлина Јовановска од Советодавен центар за земјоделство и рурален развој;Василка Стефановска од Slow food; Љупка Трајановска од Центар за истражување и креирање политики; Катарина Георгиевска -сопственичка и менаџерка на рурално претријатија во областа на рурален туризам и консултант; Сирма Илијоска Трифуноска и Викторија Митриќеска, од Скопски плански регион, Руменка Димовска , претприемачка од Арвати, Фросина Георгиевска, претприемачка од Ресен; Даниела Цветаноска од ЛАГ агро лидер од Прилеп, Васка Мојсовска, сопственичка на Агро-Калем-Тимјаник и претседател на НФФ , Гоце Георгиевски – координатор на работна група за родова еднаквост во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство;  Александар Целески -менаџмент консултант кој како експерт треба да го подготвни и конечниот документ за политики во развојот на положбата на жените во руралните средини и надминување на сегашните предизвици и проблеми.

На состанокот беше присутен и Гоце Георгиевски од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство воедно координатор на комисијата за родова еднаквост, кој ги потенцираше потребите од надминување, законски и инстутиционално но и во практика на сите проблеми врзани за статустот и функционирањето на жените во руралните средини. „Треба веќе еднаш да се надминат сите замки и проблеми кои ја отежнуваат положбата на жените во руралните средини, а за тоа се потребни повеќе активности но и надминување на конкретните законски и институционалчни замки„-истакна тој.

Инаку плодната дискусија беше во насока на актуелните  заложби на Националната платформа за женско претпримеништво, кој ги образложи претседателката на Платформата Валентина Дисоска а Васка Мојсовска и Билјана Петровска-Митревска од Националната федерација на фармери, ги посочија сите актуелни проблеми на жените земјоделки и напори пред се законски да се надминат а потоа и во пракса. „Сеуште постојат дискриминаторски мерки за жените од руралот, кои се ангажирани и по 11 часа дневно,кој плус имаат многу обврски во семејството, но потребна е  нивна едукација за управување во стопанството на жените, како и јакнење на нивната самодоверба.  Постои голем проблем во однос на сопственоста кај жените ,што го потврдува фактот дека само 5% од жените во руралот се сопственици на свој имот.-образложија врз основа на анализите кои се правени во поседниов период.

На состанокот членовите на Секторската група донесоа и конструктивни

Заклучоци:

  • Подобрување на економската и социјална положба на жените во руралните средини преку зајакнување на ефективноста и влијанието на националните програми за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, економските мерки за претприемништво, законите и стратегиите од областа на родовата еднаквост, недискриминација, земјоделство, рурален и социјален развој;
  • Формирање на гарантен фонд и овозможување на поволни кредити за жените од руралните средини преку комерцијалните банки и Македонската банка за развој
  • Вклучување на родовата перспектива во креирање на мерки, политики и стратегии кои се однесуваат на земјоделството и руралниот развој
  • Разгледување на механизми од страна на државата која ќе помогне во згоемување на бројот на жени сопственички на земјоделски имот.
  • Социјалното претприемништво, задругите модели за поголемо вклучување на жените во претприемништвото во руралните средини.
  • Подобрување на инфраструктурата и социјалните услуги во насока на подобрување на економската и социјална положба на државата.
  • Поголемо вклучување на жените од руралните средини во донесувањето на одлуки на локално ниво и нивна поголема вклученост во управувачките функции на општината.
  • Развивање на модели од страна на невладиниот сектор, општините во насока на економско јакнење и обединување на жените од руралните средини.
  • Организирање на обуки за претприемништво и споделување на успешни приказни на жени од руралните средини
  • Потикнување на мерките за социјална помош со механизми кои ќе го поттикнуваат платениот работен ангажман на жените, наспроти спречување. 
  • Промена на легислатива за законски наследници и поделба на имот. 
  • Институциите, како што се МЕ, Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, МЗШВ и Државниот Завод за статистика да креираат систем на статистични податоци за користењето на финансиски средства на руралните жени од државните програми и ЕУ фондови, реално прикажување на бројките на рурални жени кои се претприемачки, сопственици на земјиште и имот, податоци кои ја отсликуваат реалната состојба на жената во руралните средини и нејзините предизвици од социјален и економски аспект.

Исто така беше заклучено дека е потребно, подсекторската група за руралните жени и претприемништвото да се состанува минимум еднаш годишно, каде што невладиниот сектор заедно со институциите ќе имаат можност да разговаарат и да ги споделуваат своите искуства во делот на решавање на проблемите и справување со предизвиците со кои се соочуваат жените од руралните средини.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

21,989FansLike
0FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -

Latest Articles