Мора да се преземат соодветни мерки и механизми за јакнење на малите земјоделци кои се најголеми производители на македонската храна. Во Македонија 180.000 семејства егзистираат од земјоделството, 45 отсто од македонското население живее во рурални средини, кои зафаќаат 87 отсто од вкупната површина на државата. Севкупно 77% од македонските земјоделци имаат економки статус на „неплатени семејни работници“. Од нив 50% се жени. Најголем проблем и понатаму за нашите земјоделци се ниските откупни цени и справувањето со предизвиците од климатските промени.

Националната федерација на фармери ја поддржа овогодинешната кампањата на ФАО #FoodHeroes. ФАО потенцира дека 80% од храната во светот е произведена од семејните фарми кои во најголем случај се мали производители.

Обезбеденоста и производство на храна треба да е приоритет на Македонија, ако сакаме и понатаму да се декларираме дека сме земјоделска држава.Земјодеци и земјоделки ние сме горди на вашиот труд и работа и понатаму ќе се бориме заедно со вас во решавање на проблемите и предизвиците.

Во прилог е видеото подготвенo од нашите партнери, Шведската организација за развој We Effect која посебно дејствува и се бори за подобар и достоинствен живот на малите фармери, обезбеденоста со храна и родовата еднаквост.

СРЕЌЕН СВЕТСКИ ДЕН НА ХРАНАТА!

Заедно сме посилни!

https://www.facebook.com/WeEffectEurope/videos/173059584989710