2.8 C
Skopje
Sunday, November 28, 2021

Јавен повик бр.15/2021

I. Вовед

Националната федерација на фармери (НФФ) е најголемата земјоделска организација во земјата што ги претставува и застапува интересите на земјоделците, семејните земјоделски стопанства, локалните земјоделски здруженија и земјоделските задруги, обединети под заедничка визија: профитабилно земјоделство – стабилно село и мисија: организиран лидер на земјоделците во земјоделскиот и руралниот развој.

 НФФ во својата работа посветува посебно внимание на зајакнување и поддршка наранливите категории во руралните области и дава голема поддршка на младите и жените и нивно директно вклучување во развојот на земјоделството преку донесување одлуки и активно дејствување. Почнувајќи од 2019 година, НФФ го спроведува проектот „From Disability to FoodAbility” како дел од соработката со We Effect и Radiohjalpen, Шведска. Проектот придонесува за зајакнување на лицата со попреченост – деца и возрасни со интелектуална и телесна попреченост и нивните семејства кои живеат во рурални области. Предвидените активности се насочени кон социјална и економска поддршка на лицата со попреченост и нивните семејства во руралните области преку инфраструктурни зафати и прилагодувања во производството на храна како што се фарми и градини со храна.

Од мај 2021 година, НФФ го спроведува проектот „Организациски развој на НФФ и подобрени врски на пазарот за малите земјоделци и производители од рурални области со цел зголемување на приходите,“ поддржан од Sida и We Effect. Очекуваните резултати од проектот се следниве: Резултат 1: Руралните претпријатија, малите земјоделци / производители растат и обезбедуваат повеќе приходи и можности за вработување за луѓето од руралните области, особено за жените и младите. Фокусот ќе биде насочен кон олеснување на пристапот до пазарот за актерите кои ги зајакнуваат руралните жени и млади. Во моментов, врските на пазарот за продажба на производи се прекинати за малите земјоделци / производи, што доведува до ниски примања на целната група од руралните средини, туркајќи ги во сиромаштија. Резултат 2: Зголемени организациски капацитети и финансиска одржливост на НФФ.

Како дел од проектниот резултат 2.3. Подобрено знаење и разбирање за потребите и правата на лицата со попреченост од страна на локалните заедници и властите, беше додадена нова компонента – подготовка и промоција на видео материјали (клипови) за пристап базиран на човекови права и вклучување на родовата перспектива, подготвен од ангажирана компанија. Ова ќе даде дополнителна вредност на проектот затоа што ќе содржи материјали развиени од работилниците за имплементација на пристапот базиран на човекови права и родова интеграција од страна на локалните институции, што ќе биде корисно не само за лицата со попреченост, туку и за целокупната популација во општините вклучени во проектот . Видеото ќе биде објавено и промовирано на нашата веб-страница и на веб-страниците на општините. Со цел да се промовираат достигнувањата и резултатите од проектот на подобар начин и да се зголеми опфатот, ќе се изработи видео / мини документарец поврзан со активностите, резултатите и достигнувањата во рамките на проектот. Ќе биде подготвено од ангажирана компанија и истото ќе содржи сведоштва на целните групи и корисниците на проектот. Оваа активност е дел од проектниот резултат 2.5 Зголемена вклученост на лицата со попреченост во нивните заедници. Генерално, продукцијата на видео клип и мини документарец ќе ја зголеми видливоста на лицата со попреченост и ќе го зголеми опфатат на популацијата која ќе биде информирана.

Како дел од проектот: ,, Организациски развој на НФФ и подобрени врски на пазарот за малите земјоделци и производители од рурални области со цел да се зголемат приходите” предвидено е да се направи видео кои ги прикажува проблемите и предизвиците од намалените количини  на вода за наводнување во руралните области.

II.Цел на набавката

Главната цел на оваа набавка е да се ангажира компанија што ќе подготви:

–         1 анимирано  видео за пристап базиран на човекови права и родова перспектива,

–         1 мини документарец за промовирање на резултатите и достигнувањата на проектот „From disability to FoodAbility“

и

–         1 видео кои ги прикажува проблемите и предизвиците од намалените количини  на вода за наводнување во руралните области.

Во рамките на видео клипoвите и мини документарец, треба да се развие креативна идеја од страна нa ангажираната компанија.

  • Подготовка на еден анимиран видео клип   од развиените материјали за пристап базиран на човекови права и вклучување на родовите перспективи во времетраење од 3 минути

Очекувани задачи од страна на ангажираната компанија  се:

• Подготовка и креирање на видео/мини документарец поврзан со активностите, резултатите и достигнувањата на проектот во времетраење од 30 минути кој што ќе содржи сведоштва на целни групи

• Подготовка на видео материјали (видео клип) за намалените колични на вода за наводнување во руралните области од 3 минути

• Да се ​​развие креативна идеја за реализација на видео клипови и мини документарен филм

• Да се ​​обезбеди постпродукција (уредување, титлување)

 Очекуван обем на работа, односно време за испорака на услугата

Компанијата ќе биде ангажирана за период од три месеци, односно од август до октомври. Сите клучни активности, како што е опишано во табелата, треба да бидат финализирани до крајот на октомври.

Распоред на клучни активности и  документи за верификација на нивното завршување

MесецКлучна активностДокументи за верификација
Август 3   Ангажирање на компанија 
31 АвгустДа се развие креативна идеја /концепт и финална верзија на видео клип за намалените количини на вода за наводнување во времетраење од 3 минутиПодготвен видео клип
Aвгуст–Септември 30  Да се развие креативна идеја/концепт и конечна верзија на видео клип од развиени материјали за пристап заснован на човекови права и вклучување на родовата перспектива во времетраење од 3 минути   Подготвен видео клип
Август –Октомври 30Да се развие креативна идеја и концепт на документарен филм и конечна) верзија на видео / мини документарен филм поврзан со активностите, резултатите и достигнувањата на проектот, што содржи препораки на целни групи во траење од 30 минути (глас, поднаслов)    Мини документарец

Референтни активности на проектот / буџетски ставки:

Проект P9407 „ From disability to FoodAbility “

Активност на проектот 2.3.2.1. Подготовка на видео материјали (клип) од развиени материјали за пристап базиран на човекови права и вклучување на родовата перспектива во рамките на резултатот од проектот 2.3. Подобрено знаење и разбирање за потребите и правата на лицата со попреченост од страна на локалните заедници и властите.

Буџетска линија: 2.3.2.4 Компанија за подготовка на видео материјал за HRBA и родово интегрирање со фотографии и материјали од експерти

Активност на проектот 2.5.2. Создавање видео/мини документарен филм поврзан со активностите и резултатите / достигнувањата на проектот. Оваа активност е дел од проектниот резултат 2.5 Зголемена вклученост на лицата со попреченост во нивните заедници.

Буџетска линија 2.5.2.9 Изработка на документарен филм-30 минути и превод

Проект П9408 „Организациски развој на НФФ и подобрени врски на пазарот за малите земјоделци и производители од рурални области со цел зголемување на приходите“ Активност на проектот 4.5.4.3 Подобрување на подготвеноста и прилагодување на земјоделците кон животната средина и градење отпорност кон климатските промени.

 Буџетска линија: 4.5.4.3 Изработка на видео за намалените количини на вода за наводнување во руралните области

Очекувано времетраење на договорот

Компанијата ќе биде ангажирана за период од три месеци, односно август до крајот на октомври 2021 година

III. Патување и сместување

Не е применливо за овој повик.

IV. Координација и известување

Ангажираната компанија ќе поднесе извештај директно до координаторот на проектот двапати во периодот на ангажманот (август – крај на октомври), јасно наведувајќи ги задачите извршени за време на известувањето.

 Распоредот за известувањето и потребната документација се наведени во табелата подолу.

MесецизвештајДокументација
Август Ангажирање на компанија 
АвгустРазвој на креативна идеја и финална верзија на видео клип за намалување на водата за наводнување во руралните средини времетраење од 3 минутиПодготвен видео клип
Август –Септември 30  Развој на креативна идеја и финална верзија на видео клип од развиени материјали за пристап базиран на човекови и вклучување на родовите перспективи во времетраење од 3 минути Подготвен видео клип
Август –Октомври 30Развиена креативна идеја и концепт на документарен филм и финална верзија на мини документарен филм поврзан со активности, резултати и постигнувања во рамки на проектот , со сведоштва на целните групи во времетраење од 30 мин.Подготвен мини документарец

V. Критериуми за аплицирање на јавниот повик

Задолжителни технички критериуми:

• Најмалку 5 години професионално искуство во подготовка на видео материјали (видео клипови, мини документарци) вклучувајќи развој на концепт на креативна идеја, текст, уредување на снимените материјали, превод (постпродукција)

 • Завршени најмалку три слични задачи, примероци може да бидат потребни на барање/увид

• Препорачано е да имате:

• Добри вештини за пишување текстови

• Можности за промовирање на снимениот материјал на националните медиуми

VI. Постапка за аплицирање:

Заинтересираните компании за овој повик треба да ги достават следниве документи:

• Ажурирано професионално портфолио на компанијата што јасно укажува на претходни слични задачи

 • Финансиски предлог со детален преглед на трошоците со јасно означени износи за секоја од задачите / очекуваните испораки, како и вкупниот бруто износ потребен за реализација на сите задачи. Финансикста понуда треба да ја содржи ова табела.

Реден бројОписКоличинаЕдинечна цена во МКС со вклучен ДДВ
1Анимирано  видео за пристап базиран на човекови права и родова перспектива1 
2мини документарец за промовирање на резултатите и достигнувањата на проектот „From disability to FoodAbility“1 
3видео кои ги прикажува проблемите и предизвицте од намалените количини  на вода за наводнување во руралните области1 
 ВКУПНО3 

 

 • Документ за регистрација на компанијата (тековна состојба)

Поднесување на Декларацијата за немање конфликт на интерес со објавувачот на овој повик и со донатор на проектот е задолжително за апликантот. Овој документ е прикачен како документ во огласот кој треба да има потпис од надлежното лице (директорот) на компанијата  и печат на компанијата.

Портфолиото на компанијата, тековната состојба, финансиската понуда, декларацијата треба да се достават преку е-пошта daniela.antonovska@nff.org.mk и nff@nff.org.mk најдоцна до 28 јули 2021, до 16.00 ч.

• Доколку имате дополнителни прашања во врска со овој повик, може да не контактирате на следната е-пошта daniela.antonovska@nff.org.mk не подоцна од 25 јули 2021

VII. Евалуација на понудите


Нецелосните апликации и / или апликациите примени по истекот на рокот нема да бидат земени во предвид. Понудите ќе се оценуваат според следниве критериуми: Принципот финансиски најповолна понуда ќе се земе предвид односно комбинација од претходната работа и докажаното искуство (40%) и финансиската понуда / предлог (60%).

VIII. Услови на плаќање

Плаќањето ќе се изврши по завршувањето на целосниот ангажман и по поднесувањето на сите очекувани извештаи. Откако сите извештаи и документација ќе бидат доставени од компанијата, како што е наведено во Дел IV – Координација и известување и одобрени од координаторот на проектот, ќе се направи исплатата за ангажманот.

IX. Декларација

Апликантот треба да наведе дали неговата организација /и /или тој самиот  има деловни или лични односи и/или дали е во тесна поврзаност со НФФ и We Effect, регионална канцеларија во Скопје, нејзините раководни тела и вработените. Тесна/блиска поврзаност според дефиницијата на We Effect се смета за личност која има можност да изврши контрола или значително да влијание врз другата личност кога станува збор за финансиско и оперативно донесување одлуки во врска со активност. Целта на Декларацијата е да открие такви информации што го прават процесот на аплицирање и оценување потранспарентен и ги поддржува понудите во важност според условите на отворениот пазар.

Декларација-2

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

21,989FansLike
0FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -

Latest Articles