I. Вовед

Националната федерација на фармери (НФФ) е најголемата земјоделска организација во земјата што ги претставува и застапува интересите на земјоделците, семејните земјоделски стопанства, локалните земјоделски здруженија и земјоделските задруги, обединети под заедничка визија: профитабилно земјоделство – стабилно село и мисија: организиран лидер на земјоделците во земјоделскиот и руралниот развој.

 НФФ во својата работа посветува посебно внимание на зајакнување и поддршка наранливите категории во руралните области и дава голема поддршка на младите и жените и нивно директно вклучување во развојот на земјоделството преку донесување одлуки и активно дејствување. Почнувајќи од 2019 година, НФФ го спроведува проектот „From Disability to FoodAbility” (Од попреченост до безбедност со храна) како дел од соработката со We Effect и Radiohjalpen, Шведска. Проектот придонесува за зајакнување на лицата со попреченост – деца и возрасни со интелектуална и телесна попреченост и нивните семејства кои живеат во рурални области. Предвидените активности се насочени кон социјална и економска поддршка на лицата со попреченост и нивните семејства во руралните области преку инфраструктурни зафати и прилагодувања во производството на храна како што се фарми и градини со храна.

Од мај 2021 година, НФФ го спроведува проектот „Организациски развој на НФФ и подобрени врски на пазарот за малите земјоделци и производители од рурални области со цел зголемување на приходите,“ поддржан од Sida и We Effect. Очекуваните резултати од проектот се следниве: Резултат 1: Руралните претпријатија, малите земјоделци / производители растат и обезбедуваат повеќе приходи и можности за вработување за луѓето од руралната област, особено за жените и младите. Фокусот ќе биде насочен кон олеснување на пристапот до пазарот за актерите кои ги зајакнуваат руралните жени и млади. Во моментов, врските на пазарот за продажба на производи се прекинати за малите земјоделци / производи, што доведува до ниски примања на целната група од руралните средини, туркајќи ги во сиромаштија. Резултат 2: Зголемени организациски капацитети и финансиска одржливост на НФФ.

Како резултат на претходно спроведената Активност 2.1.2 Информативни сесии со лицата со попреченост и нивните семејства за нивните права согласно Конвенцијата и правата од системот за национална безбедност, утврдено е дека има потреба од подготовка на брошура во 1000 примероци што ќе послужат како упатство за лицата со попреченост да се запознаат повеќе со своите права и постоењето на центри каде што можат да се обратат за бесплатна правна помош. За таа цел, ќе се дизајнира, печати и дистрибуира брошура за правата на лицата со попреченост и бесплатна правна помош. Во исто време, за целите и потребата од реализација на Активноста 2.5.1. Локални саеми / изложби на кои лицата со попреченост и нивните семејства ќе ја презентираат својата работа и производи, ќе бидат подготвени промотивни материјали како каталози (печатени и електронски). Овие промотивни материјали ќе содржат производи подготвени од лица со попреченост, особено жени и ќе овозможат голема видливост на производите и потенцијална голема продажба и повисоки приходи за лица со попреченост. Каталогот ќе вклучува производи на 30 производители со попреченост и ќе се печати во 500 копии и во електронска верзија. Како дел од Проектот: ,, Организациски развој на НФФ и подобрени врски на пазарот за малите земјоделци и производители од рурални области со цел зголемување на приходите ”предвидено е печатење и дизајнирање на брошура во 500 примероци за финансиска писменост и финансиска инклузија на земјоделците. Брошурата ќе им овозможи на земјоделците да се запознаат со концептите на финансиска вклученост и финансиска писменост. За таа цел ќе се ангажира компанија за печатење, дизајнирање и подготовка на промотивни материјали.

II. Цел на набавка

Главната цел на оваа набавка е да се ангажира компанија која ќе обезбеди услуги за подготовка, дизајнирање и печатење на брошура за правата на лицата со попреченост, брошура за финансиска писменост и финансиска инклузија, промотивни материјали (каталози) и електронски каталог, како и фотографии за каталозите и креативен текст за каталогот.

Очекувани задачи од страна на ангажираната компанија:

  • Дизајн и печатење на брошура во 1000 примероци за правата на лицата со попреченост и бесплатна правна помош, формат А4, хартија: 115гр, колор во боја, 20 страници
  •  Дизајн и печатење на брошура во 500 примероци за финансиска писменост и финансиска инклузија на земјоделците, формат А4, внатре, колор во боја, 15 страници.
  •  Подготовка на промотивен материјал, т.е. дизајн и печатење на каталог во 500 копии
  •  Подготовка на фотографии од производи од 30 производители
  •  Подготовка на креативен текст за фотографии на производи
  •  Подготовка на електронски каталог, вклучувајќи фотографии и креативен текст

Очекуван обем на работа, односно време за испорака на услугите

Компанијата ќе биде ангажирана за период од два месеци и 15 дена, односно од средината на август (15 август) до крајот на октомври. Сите клучни активности, како што е опишано во табелата, треба да бидат финализирани до крајот на октомври.

Распоред на клучни активности и документи за верификација на нивно завршување

МесецКлучни активностиДокумент за верификација
Aвгуст, 15  Ангажирање на компанија 
Септември 30  Дизајнирање и печатење на брошура во 1000 примероци за правата на лицата со попреченост и бесплатна правна помош Отпечатена брошура
Oктомври 30Дизајн и печатење на брошура во 500 примероци на финансиска писменост и финансиска инклузија на земјоделците Подготвен промотивен материјал, т.е. дизајнирани и печатени каталози во 500 копии Подготвени фотографии од производи од 30 производители  Подготвен креативен текст за фотографии на производи Подготвен електронски каталог со фотографии и креативен текстОтпечатена брошура за финансиска писменост и финансиска инклузија Отпечатени промотивни материјали (каталози со фотографии и текст, електронски каталог)

Референтни активности на проектот / буџетски ставки:

Проект P9407 „ From disability to FoodAbility “

Буџетска линија: 2.1.3.2 Подготовка на брошура со кратки информации за правата на лицата со попреченост, бесплатна правна помош итн.

Буџетска линија: 2.5.1.6 Подготовка на печатен каталог од 500 примероци (печатење и дизајн)

Буџетска линија: 2.5.1.8 надоместок за експерт- администратор за уредување фотографии и текст на производи на 30 лица со попреченост Проект P9408 ,, Организациски развој на НФФ и подобрени врски на пазарот за малите земјоделци и производители од рурални области со цел зголемување на приходите ’’

Буџетска линија: 4.5.4.4. Дизајн и печатење на брошура во 500 примероци на финансиска писменост и вклучување на земјоделците

Очекувано времетраење на договорот

Компанијата ќе биде ангажирана за период од два месеци и 15 дена односно август до крај на октомври 2021.

III. Патување и сместување

Не е применливо за овој повик.

IV. Координација и известување

Ангажираната компанија ќе поднесе извештај директно до координаторот на проектот

двапати за време на периодот на ангажманот ( септември- крајот на октомври),

јасно наведувајќи ги задачите извршени за време на известувањето. Распоредот за

известување и друга документација се наведени во табелата подолу.

МесецКлучни активностиДокумент за верификација
Aвгуст, 15  Ангажирање на компанија 
Септември 30  Дизајнирање и печатење на брошура во 1000 примероци за правата на лицата со попреченост и бесплатна правна помош Отпечатена брошура во 1000 примероци
Oктомври 30Дизајн и печатење на брошура во 500 примероци на финансиска писменост и финансиска инклузија на земјоделците Подготвен промотивен материјал, т.е. дизајнирани и печатени каталози во 500 копии Подготвени фотографии од производи од 30 производители  Подготвен креативен текст за фотографии на производи Подготвен електронски каталог со фотографии и креативен текстОтпечатена брошура за финансиска писменост и финансиска инклузија во 500 копии Отпечатени промотивни материјали (каталози со фотографии и текст, електронски каталог)
V. Критериуми за аплицирање на јавниот повик

Задолжителни технички критериуми

  • Искуство во подготовка на фотографии, вештини и техники за уредување и илустрација
VI. Постапка за аплицирање:
 Заинтересираните компании за овој повик треба да ги достават следниве документи:
·         Ажурирано професионално портфолио на компанијата што јасно укажува на претходни слични задачи
·         Финансиски предлог со детален преглед на трошоците јасно означувајќи ги износите за секоја од очекуваните испораки, како и вкупниот бруто износ потребен за реализација на сите испораки.
·         Документ за регистрација на компанијата (тековна состојба)
  • Поднесување на Декларацијата за немање конфликт на интерес со објавувачот на овој повик и со организацијата донатор на проектот е задолжително за апликантот. Овој документ е прикачен како документ во огласот во кој треба да потпис од надлежното лице (директорот) и печат.
Портфолиото на компанијата и финансиската понуда / предлог треба да се достават преку е-пошта daniela.antonovska@nff.org.mk  и nff@nff.org.mk најдоцна до 28 јули 2021, до 16.00 ч.
Доколку имате дополнителни прашања во врска со овој повик, можете да не контактирате нa daniela.antonovska@nff.org.mk, не подоцна од 25 јули 2021
 VII. Евалуација на понудите

Нецелосните апликации и / или апликациите примени по истекот на рокот нема да бидат земени во предвид. Понудите ќе се оценуваат според следниве критериуми: Принципот финансиски најповолна понуда ќе се земе предвид односно комбинација од претходната работа и докажаното искуство (40%) и финансиската понуда / предлог (60%).

VIII. Услови на плаќање

Плаќањето ќе се изврши по завршувањето на целосниот ангажман и по поднесувањето на сите очекувани извештаи. Откако сите извештаи и документација ќе бидат доставени од компанијата, како што е наведено во Дел IV – Координација и известување и одобрени од координаторот на проектот, ќе се направи исплатата за ангажманот.

IX. Декларација

Апликантот треба да наведе дали неговата организација /и /или тој самиот  има деловни или лични односи и/или дали е во тесна поврзаност со НФФ и We Effect, регионална канцеларија во Скопје, нејзините раководни тела и вработените. Тесна/блиска поврзаност според дефиницијата на We Effect се смета за личност која има можност да изврши контрола или значително да влијание врз другата личност кога станува збор за финансиско и оперативно донесување одлуки во врска со активност. Целта на Декларацијата е да открие такви информации што го прават процесот на аплицирање и оценување потранспарентен и ги поддржува понудите во важност според условите на отворениот пазар.

Декларација-1