11.8 C
Skopje
Monday, October 25, 2021

Oглас за ангажирање на експерт за подготовка на брошура за правата на лицата со попреченост во рамки на проект P9407,, From Disability to FoodAbility ” – Јавен повик 12/2021

Националната федерација на фармери има потреба од ангажирање на експерт за подготовка на брошура за правата на лицата со попреченост, вклучително и пристап до бесплатна правна помош. Експертот ќе биде ангажиран 10 дена и активноста е дел од проектот „From Disability to FoodAbility” (Од попреченост до безбедност со храна) како дел од соработката со We Effect и Radiohjalpen, Шведска.

Критериуми за аплицирање на јавниот повик

 Задолжителни технички критериуми:

• Соодветно образование (универзитет, правни науки, општествени науки)

  • Најмалку 3 години професионално искуство во подготовка на брошури / анализи / студии / прегледи или друг образовен материјал
  • Претходни најмалку три слични задачи придружени со докази, линкови
  •  Автор и / или коавтор на најмалку 3 брошури подготвени во последните 3 години придружени со линкови и / или слични докази

  • Препорачано е да имате:
  •  Познавање на пристапот заснован на човекови права, вклучувајќи познавање на правата на лицата со попреченост, со посебен фокус на лицата со попреченост во руралните области
  •  Добро познавање на англиски јазик
  •  Силни аналитички способности и вештини за пишување

Постапка за аплицирање:

 Заинтересираните кандидати за овoj повик треба да ги достават следниве документи:

 • Ажурирано CV јасно укажувајќи на претходни брошури, анализа и / или слични задачи

• Посебен список на подготвени брошури, т.е. слични задачи

 • Контакти (препораки) на најмалку три организации кои неодамна ве ангажирале  

• Финансиски предлог со детален преглед на трошоците јасно наведувајќи ја дневницата , надоместокот по ден и вкупниот бруто износ на надоместокот.

Поднесување на кратка изјава во самиот за немање конфликт на интерес со објавувачот на овој повик и со организацијата и донатор на проектот

• CV и финансиската понуда / предлог треба да се достават по е-пошта со назнака CV brosura covekovi prava  на  daniela.antonovska@nff.org.mk  најдоцна до 28 јули 2021 до 16.00 часот

• Доколку имате дополнителни прашања во врска со овој повик, може да не контактирате на следната е-поштa daniela.antonovska@nff.org.mk  не подоцна од 25 јули 2021

• Поднесување на кратка изјава (декларација) за немање конфликт на интерес со објавувачот на овој повик и со организацијата донатор на проектот е задолжително за апликантот.Овластувањата и одговорностите се наведени во Terms of references, наведен во самиот оглас.

експерт-брошура-човекови-права-превод

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

21,989FansLike
0FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -

Latest Articles