Националната федерација на фармери има потреба од ангажирање на експерт за воспоставување на врски помеѓу социјални бизниси и производители на храна со попреченост. Експертот ќе биде ангажиран 26 дена и активноста е дел од проектот „From Disability to FoodAbility” (Од попреченост до безбедност со храна) како дел од соработката со We Effect и Radiohjalpen, Шведска.

Критериуми за аплицирање на јавниот повик

 Задолжителни технички критериуми:

• Соодветно образование (универзитетско- земјоделски факултет, )

• Најмалку 5 години професионално искуство во спроведување на теренски анализи во областа на земјоделството, агроекономика

 • Претходна реализација на најмалку три слични задачи, т.е. теренски посети на кориснички / целни групи, поткрепено со докази како што се извештаи

• Автор и / или коавтор на најмалку 3 сеопфатни анализи спроведени во последните 5 години поткрепено со докази за спроведено истражување и / или анализа (линкови)

Препорачано е да имате:

• Претходна работа со целна група-лица со попреченост во руралните области, како и познавање на предизвиците со кои се соочуваат земјоделците / производителите со попреченост

  • Познавање на социјалната одговорност, социјалното претприемништво, маркетинг и бизнис развој

 • Познавање на пристапот заснован на човекови права

• Добро владеење на англиски јазик

• Силни аналитички способности и вештини за пишување

Постапка за аплицирање:

Заинтересираните кандидати за овој повик треба да ги достават следниве специфични документи:

 • Ажурирано CV јасно укажувајќи на претходни слични ангажмани  и / или слични задачи

• Посебна листа на спроведени анализа т.е слични задачи

Поднесување на изјава во самиот мејл за немање конфликт на интерес со објавувачот на овој повик и со организацијата и донаторот на проектот

 • CV и финансиската понуда / предлог треба да се достават по е-пошта со назнака :CV socijalni biznisi на мејл адреса daniela.antonovska@nff.org.mk најдоцна до 28 јули 2021, до 16.00 ч.

• Доколку имате дополнителни прашања во врска со овој повик, може да не контактирате на следната е-поштa daniela.antonovska@nff.org.mk не подоцна од 25 јули 2021

Целосниот ToR е наведен во самиот оглас.

експерт-за-поврзување-социјални-бизниси-со-производители-1-2