2.8 C
Skopje
Sunday, November 28, 2021

Оглас за ангажирање на експерти за советодавни услуги и мониторинг на пластеници, краварска и козарска фарма во рамки на проект P9407 From Disability to FoodAbility ” (Јавен повик бр.14/2021)

Националната федерација на фармери има потреба од ангажирање на експерти за за советодавни услуги и мониторинг на пластеници (3 експерти), краварска фарма (1 експерт) и козарска фарма (1 експерт). Секој Експерт поединечно ќе биде ангажиран 10 дена и активноста е дел од проектот „From Disability to FoodAbility” (Од попреченост до безбедност со храна) како дел од соработката со We Effect и Radiohjalpen, Шведска.

Критериуми за аплицирање на јавниот повик

 Задолжителни технички критериуми:

• Соодветно образование (универзитетско- земјоделски факултет)

• Најмалку 5 години професионално искуство во спроведување на теренски анализи во областа на хортикултура

 • Претходна реализација на најмалку три слични задачи, т.е. теренски посети на кориснички / целни групи, поткрепено со докази како што се извештаи

• Автор и / или коавтор на најмалку 3 сеопфатни анализи спроведени во последните 5 години поткрепено со докази за спроведено истражување и / или анализа (линкови)

Препорачано е да имате:

• Претходна работа со целна група-лица со попреченост во руралните области, како и познавање на предизвиците со кои се соочуваат земјоделците / производителите со попреченост

 • Познавање на пристапот заснован на човекови права

• Добро владеење на англиски јазик

• Силни аналитички способности и вештини за пишување

Постапка за аплицирање:

Заинтересираните кандидати за овој повик треба да ги достават следниве специфични документи:

 • Ажурирано CV јасно укажувајќи на претходни слични ангажмани  и / или слични задачи

Поднесување на изјава во самиот мејл за немање на конфликт на интерес со објавувачот на овој повик и со организацијата.

 • CV и финансиската понуда / предлог треба да се достават по е-пошта: CV ekspert sovetodavni uslugi  на мејл daniela.antonovska@nff.org.mk најдоцна до 28 јули 2021, до 16.00 ч.

• Доколку имате дополнителни прашања во врска со овој повик, може да не контактирате на следната е-поштa daniela.antonovska@nff.org.mk не подоцна од 25 јули 2021

експерти-за-пластеници-ТоР-1-2

експерт-за-козарска-фарма-1-1-1

експерт-за-краварска-фарма-ТоР

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

21,989FansLike
0FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -

Latest Articles