11.8 C
Skopje
Monday, October 25, 2021

ОГЛАС ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА КОФАСИЛИТАТОР (ЈАВЕН ПОВИК БР. 11/2021)

Националната Федерацијата на Фармерите (НФФ) е организиран глас на македонските земјоделци со мисија „Профитабилно земјоделство – Стабилно село”. Целните групи со кои работи НФФ ги опфаќа сите категории земјоделци, најсиромашните, ранливите, земјоделските семејни стопанства, земјоделските организации и земјоделските задруги, како еден од најсовремените облици на организација на здружениот труд и настап на пазари. НФФ како основна алатка го има лобирањето и застапувањето на земјоделците и реализацијата на активности во подобрување на бизнис опкружувањето, едукација и информирање на земјоделците во насока на зголемување на продуктивноста и конкурентноста. НФФ посветува посебно внимание на младите и жените, родовата еднаквост и намалувањето на сиромаштијата во руралните средини.

Националната Федерација на фармери, Скопје, има потреба од ангажман на кофацилитатор во рамките на имплементација на планирани активности во проектот „Организациски развој на НФФ и подобрени врски со пазарот за малите земјоделци и производители од рурални области со цел зголемување на приходите (Market System Development- P9408)” поддржан од Шведската организација за развој We effect и SIDA..  Ангажманот на кофацилитаторот е 70% ангажман од работното време за период од  1.08.2021 до 31.12.2021. Овластувањата и одговорностите се наведени во Terms of references, наведен во самиот оглас на англиски јазик.

Образование и квалификации:
• Oбразование од областа на општествените науки и се преферира Факултет за земјоделски науки (завршени студии или при само завршување)

Сите заинтересирани кандидати треба да пратат CV (биографија) на двата e-mail biljana.petrovska@nff.org.mk  и nff@nff.org.mk  најдоцна до 26.07.2021 година до 15 часот, со назнака: „za aplikacija cofacilitator”.

Co-Facilitator-NFF-1

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

21,989FansLike
0FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -

Latest Articles