Женското претприемништво и лидерство е темата на обуките и средбите кои Националната федерација на фармери ги реализира во Тимјаник, Богданци, Ресен, Битола, Македонски Брод и Зрновци со жени од руралните средини. Имавме можност да слушнеме интересни примери за развој на женското претприемништво и сепак да се забележи дека пречки за нивен развој и понатаму се традиционалната бариери. Во рамките на обуките поделени се флаери за online платформата www.efarm.mk. Активноста е дел од проектот „Поддршка за on line продажба на земјоделците и јакнење на гласот на жените од руралните средини“ поддржан од проектот „Поддршка на диверзификацијата на економските активности во рурални подрачја на Југоисточна Европа (SEDRA)“ финансиран од BMZ и имплементиран од GIZ и SWG RRD. Во Зрновци е последна средба од шестте средби кои се реализираа во текот на овие 10 дена.