18.8 C
Skopje
Monday, September 20, 2021

ОГЛАС ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА Експерт за превод, ревидирање и униформирање на анкетни податоци (ЈАВЕН ПОВИК бр.10/21)

Националната Федерацијата на Фармерите (НФФ) е организиран глас на македонските земјоделци со мисија „Профитабилно земјоделство – Стабилно село”. Целните групи со кои работи НФФ ги опфаќа сите категории земјоделци, најсиромашните, ранливите, земјоделските семејни стопанства, земјоделските организации и земјоделските задруги, како еден од најсовремените облици на организација на здружениот труд и настап на пазари. НФФ како основна алатка го има лобирањето и застапувањето на земјоделците и реализацијата на активности во подобрување на бизнис опкружувањето, едукација и информирање на земјоделците во насока на зголемување на продуктивноста и конкурентноста. НФФ посветува посебно внимание на младите и жените, родовата еднаквост и намалувањето на сиромаштијата во руралните средини.

Националната Федерација на фармери, Скопје, има потреба од ангажман на Експерт за превод, ревидирање и униформирање на анкетни податоци со можност за продолжување. Ангажманот започнува од 10.06.2021 до 15.07.2021. Во прилог е доставен и опис на активности.

Обврски

  • Превод на анкетни прашалници од македонски на англиски јазик
  • Ревидирање на внесени податоци и униформирање на одговорите на англиски јазик
  • Превод на извештаи
  • Превод на 3 инфографици

Квалификации:

  • Овластен преведувач од македонски на англиски јазик и обратно
  • Искуство од минимум 5 години во превод на материјали од областа на земјоделство и рурален развој
  • Искуство од минимум 5 години во превод на материјали за НВОи и донатори
  • Високо образование за Англиски јазик
  • Искуство во изработка на анализи и истражувања
  • Постапување како тимски играч и олеснување на работата во тим
  • Ефективна комуникација и социјални вештини;
  • Доследно пристапување кон работата со енергија и позитивен став;

Сите заинтересирани кандидати треба да пратат биографија на англиски јазик со основни податоци и искуство .

Биографијата се доставува на двата e-mail: vidanka.martinovska@nff.org.mk и nff@nff.org.mk најдоцна до 04.06.2021 (петок) до 15 часот, со назнака: „za Ekspert za prevod”. Селектираните кандидати ќе бидат викнати на интервју. Селектираните кандидати ќе бидат викнати на интервју.

ТоР-превод-ФАО

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

21,989FansLike
0FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -

Latest Articles