Националната Федерацијата на Фармерите (НФФ) е организиран глас на македонските земјоделци со мисија „Профитабилно земјоделство – Стабилно село”. Целните групи со кои работи НФФ ги опфаќа сите категории земјоделци, најсиромашните, ранливите, земјоделските семејни стопанства, земјоделските организации и земјоделските задруги, како еден од најсовремените облици на организација на здружениот труд и настап на пазари. НФФ како основна алатка го има лобирањето и застапувањето на земјоделците и реализацијата на активности во подобрување на бизнис опкружувањето, едукација и информирање на земјоделците во насока на зголемување на продуктивноста и конкурентноста. НФФ посветува посебно внимание на младите и жените, родовата еднаквост и намалувањето на сиромаштијата во руралните средини.

Националната Федерација на фармери, Скопје, има потреба од ангажман на Експерт за интерпретација на податоци од анкета. Ангажманот започнува од 10.06.2021 до 20.07.2021, со можност за продолжување. Во прилог е датен детален опис на активностите.

Обврски

  • Дефинирање на cross-reference за интерпретација на податоци
  • Развој на табели и дијаграми од cross-reference на податоци
  • Анализа на податоци
  • Подготовка на 3 инфографика од анализата

Квалификации:

  • Искуство од минимум 5 години во анализа на економски и социјални податоци
  • Искуство од минимум 5 години со интерпретација на податоци во економска матрица
  • Високо образование од областа на општествени науки
  • Искуство во изработка на анализи и истражувања
  • Постапување како тимски играч и олеснување на работата во тим
  • Ефективна комуникација и социјални вештини;
  • Доследно пристапување кон работата со енергија и позитивен став;

Сите заинтересирани кандидати треба да пратат биографија на англиски јазик со основни податоци и искуство .

Биографијата се доставува на двата e-mail: vidanka.martinovska@nff.org.mk и nff@nff.org.mk најдоцна до 04.06.2021 (петок) до 15 часот, со назнака: „za Ekspert za interpretacija na podatoci”. Селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју.

ТоР-Експерт-интерпретација-ФАО-2