НФФ го презентираше новиот проект ,,Национална платформа за женско претприемништво‘’ пред своето членство во Богданци и село Тимјаник, Неготино на 18 мај .

Пред почетокот на презентирањето на проектот, Васка Мојсоска претседателка на НФФ имаше краток воведен говор нагласувајќи дека жените од руралните средини се соочуваат со многу предизвици од различен тип пред се  институционални и административни бариери како и  традиционалната поделба на родовите улоги која е исто така многу присутна во руралните средини. Жените од руралните средини  самите со својата работа се претприемачи, имаат визија и амбиција, но имаат пред себе многу препреки со кои се судруваат секојдневно.  Жените од руралните средини треба да изодат долг пат со цел да успеат, но треба да се поттикнат и мотивираат да направат сопствен бренд од своите производи без разлика дали тоа ќе биде на помлада возраст или подоцна во животот.

Презентацијата на новиот проект започна од страна на Даниела Антоновска, проект координаторка  која ги информираше присутните за целта на проектот, односно зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за јавна политика и застапување во областа на ЖП преку спојување на постојните мрежи во единствена платформа и промовирање на жените претприемачи како двигателки на промени во јавната политика. Проектот го спроведуваат Здружението на Бизнис жени, Националната федерација на фармери, Сојузо на Стопански комори и Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување.

 Во рамки на проектот ќе се формира Национална платформа за женско претприемништво во која ќе бидат вклучени жените микро претприемачи па сѐ до највисоките форми како што е Стопанската комора. Проектот ќе биде добра можност за соработка и лобирање пред националните и локалните власти за креирање на подобри политики и подобра клима за женското претприемништво.   Покрај многуте активности големо внимание ќе биде посветено и на поголема видливост и промоција на проектот на национално ниво преку дигиталните медиуми и креирањето на веб платформа, веб радио каде ќе се слуше гласот и пораките на жените претприемачки со цел мотивирање и поттикнување на останатите жени за вклучување во претприемништвото. Посебно ќе се обрне внимание на младите жени од руралните средини и нивно вклучување во активностите во 8 селектирани општини и комплетирање на програмата за политика и лидерство