Националната Федерацијата на Фармерите (НФФ) е организиран глас на македонските земјоделци со мисија „Профитабилно земјоделство – Стабилно село”. Целните групи со кои работи НФФ ги опфаќа сите категории земјоделци, најсиромашните, ранливите, земјоделските семејни стопанства, земјоделските организации и земјоделските задруги, како еден од најсовремените облици на организација на здружениот труд и настап на пазари. НФФ како основна алатка го има лобирањето и застапувањето на земјоделците и реализацијата на активности во подобрување на бизнис опкружувањето, едукација и информирање на земјоделците во насока на зголемување на продуктивноста и конкурентноста. НФФ посветува посебно внимание на младите и жените, родовата еднаквост и намалувањето на сиромаштијата во руралните средини.

Националната Федерација на фармери, Скопје, има потреба од ангажман на компанија за сметководствени услуги. Ангажманот започнува од 25.05.2021 до 30.03.2022. Првитре три месеци, заклучно со 30.08.2021 ќе се сметаат за пробен период после кој договорот ќе биде или раскинат или продолжен до 30.03.2022.

Обврски

  • Собирање на банкарски изводи на месечно ниво и книжење на сметките на НФФ
  • Одговорна евиденцијата на сметките и почитување на законите и стандардите за сметководство согласност со сметководствени и административни принципи и македонското законодавство;
  • Подготовка на завршни сметки (годишни сметки) согласно македонските закони за сите банкарски сметки на НФФ;
  • Заедно со Координаторот за финансии и администрација, Проект Менаџерот,  координаторите на проектите и Извршниот Директор се консултираат и соработуваат, како и кога е потребно за поддршка на финансискито менаџирање;
  • Учествува на Годишна финансиска ревизија на проектите и сметките на НФФ;
  • Обезбедува поддршка за финансиска администрација на Координаторот за финансии и администрација;

Квалификации:

  • Лиценца за водење на сметководство
  • Искуство од најмалку 3 години во водење на сметководство
  • Учество во ревизии и финансиски контроли
  • Постојано унапредување на работата согласно новите стандарди во сметководство
  • Високо ниво на внимание на детали и точност
  • Постапување како тимски играч и олеснување на работата во тим
  • Ефективна комуникација и социјални вештини;
  • Доследно пристапување кон работата со енергија и позитивен став;

Сите заинтересирани компании треба да пратат биографија на компанијата со основни податоци и искуство на македонски јазик и понуда – цена за ангажманот изразена во МКД на месечно ниво.

Биографијата и понудата се доставуваат на двата e-mail: vidanka.martinovska@nff.org.mk и nff@nff.org.mk најдоцна до 26.05.2021 (среда) до 15 часот, со назнака: „za aplikacija za smetkovodstvo ”.

ТоР-Сметководствена-компанија