18.8 C
Skopje
Monday, September 20, 2021

НФФ дел од промотивниот настан за мерката 115

250 жени од руралните средини добија финансиска поддршка грант од 3000 евра за зајакнување на своето производство, преку Мерката 115 за активен женски член во земјоделско стопанство од Националната програма за финансиска поддршка за рурален развој.

Ова е посебно значаен ден за Националната федерација на фармери, бидејќи ова е една од нашите лоби активности каде што Националната федерација на фармери многу се заложи за оваа мерка да се измени, да не е дискриминаторна и потоа да биде редефинираната во работната група за родова еднаквост во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство

Денеска и официјално беа потпишани 11 договори каде што со поздравни говори се обратија Премиерот Зоран Заев, Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Аријанит Хоџа, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој Никица Бачовски, Весна Ивановиќ-Кастаред, раководителката на канцеларијата на UN Women во Северна Македонија.

“Ваквата подршка е многу значајна и е прва директна подршка наменета за жените од руралните средини. Со мерката 115 за активен женски член во земјоделско стопанство сметаме дека ќе има позитивен ефект за јакнење на руралната жена посебно во нејзино подобрување на нејзиниот економски и социјален статус. Од друга страна мерката ќе овозможи на жените во руралните средини развој на нивните претприемачки вештини во производство и продажба на преработки од примарни земјоделски култури како што се сирење, мед, слатка, ајвар, мармалади и сличнo. Би сакала да истакнам дека на многу транспарентен и соодветен начин е направено креирањето на новите критериуми на мерката 115. Мерката се дефинираше и на неа се работеше во рамките на кординативната група за родова еднаквост формирана во Министерството за земјоделство во која покрај нас Националната федерација на фармери членуваат и претставници од други невладини организации и институции и Факултетот за земјоделски науки и е подржана од UN Women Skopje. На ваков начин и други мерки, стратeгии и закони треба да се работат во заедничка комуникација и дејствување помеѓу невладиниот сектор и државните институции.

Ние како организација за тоа се залагаме и сме подржани во нашето дејствување од Шведската развојна организација We Effect Europe, посебно во делот на економско јакнење на малите земјоделци и слушање на нивниот глас со посебен осврт на жените и младите во руралните средини”, истакна Васка Мојсовска, претседателка на НФФ на денешниот настан.

„Владата, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Министерството за труд и социјална политика ќе ги направат сите неопходни чекори за остварување на определбите утврдени во Декларацијата за подобрување на економскиот и социјален статус на руралните жени. Институциите работат во насока на подобрување на економската и социјална положба на жените во руралните средини преку зајакнување на ефективноста и влијанието на националните програми за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, законите и стратегиите од областа на родовата еднаквост, недискриминација, земјоделство, рурален и социјален развој“, посочи премиерот Зоран Заев, повторувајќи дека земјоделството и производството на храна се шанса за успех, а пандемијата со вирусот КОВИД-19 уште повеќе ја нагласи потребата, населението да биде обезбедено со здрава, квалитетна и разновидна храна од македонско производство.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа изрази задоволство од поттикот и храброста кои се јавуваат кај жените од руралните подрачја, како вистински носители на земјоделските семејства и кои искористувајќи ги мерките ги јакнат позициите во општеството и водат кон подобрување на социјалната реалност.

„Успеавме првично предвидените девет милиони денари да ги зголемиме на 40 милиони денари, со што овозможивме вкупно 250 жени да добијат грант од по 3.000 евра“, рече Хоџа истакнувајќи ја посебно поддршката од Телото на Обединетите Нации за родова еднаквост и зајакнување на жените (UN Women), кои партиципираа во креирањето и реализацијата на мерката „Рурална жена“, како и  невладиниот сектор: Националната федерација на фармери, Рурална мрежа, како и  Министерството за труд и социјална политика  и Факултетот за земјоделски науки и храна и изрази уверување дека во иднина бројот на грантови ќе се зголемува.

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски, во своето обраќање се задржа на линиите на производство кои со оваа мерка се поддржуваат и тоа производство на сточна храна, опрема за производство на мед и производи од пчели, опрема за млин, молзачки капацитети, калапи за сирење, машини за преработка и мелење на месо и останата преработувачка опрема, набавка за опрема за винарство, со што ќе развијат нови производи, нови брендови и нова додадена вредност во македонската економија токму во руралните средини, со што несомнено се поттикнува рамномерниот регионален развој.

Весна Ивановиќ-Кастаред во име на канцеларијата на UN Women во Скопје изрази големо задоволство за денешниот настан, кој го оцени како особено значаен не само за жените земјоделки, добитнички на финансиска поддршка, туку и за целокупното унапредување на родовата еднаквост во секторот на земјоделството.

На самиот настан рурани жени, членки на НФФ ги презентираа своите домашни производи.

Прекрасен настан кој само покажува како невладиниот сектор и институциите треба да соработуваат во насока на подобрување на животот на граѓаните.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

21,989FansLike
0FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -

Latest Articles