Датум на објавување на повикот 04.05.2021 година

ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Националната федерација на фармерите е невладина и непрофитна организација која ги застапува земјоделците од сите региони на Македонија и сите земјоделски потсектори. НФФ има за цел да ги штити економските, социјалните и културните интереси на фармерите, работи на подобрување на пазарните и производни услови, во насока на одржлив развој и висок квалитет во земјоделството и руралниот развој.

Во периодот од јули 2019 до јуни 2021 година Националната федерација на фармери го имплементира проектот “From Disability to FoodAbility” со поддршка на Шведската организација за развој We Effect и Radiohjаlpen. Како надворешна експертиза на полето на лица со попреченост во овој проект е вклучен Институтот за специјална едукација и рехабилитација при Филозофскиот факултет во Скопје. 

Проектот има за цел да придонесе кон подобрување на состојбата на лицата со попреченост – деца и возрасни со интелектуална и физичка попреченост и нивните семејства кои живеат во руралните области. Предвидените проектни активности ќе придонесат за социјално и економско зајакнување на лицата со попреченост и нивните семејства во руралните области преку инфраструктурни интервенции и прилагодувања во начинот на производство на храна како што се пластениците и градините за производство на зеленчук.

Покрај социо-економско зајакнување на лицата со попреченост од руралните средини, овој проект има за цел да влијае и придонесе за зајакнати мерки за поддршка на лицата со попреченост на локално ниво и национално ниво.

Во рамки на проектот „From Disability to FoodAbility”  предвидено е да се спроведат интервенции,  кои на лицата со попреченост од руралните средини во 17 општини на Р.С.Македонија, ќе им овозможат подобар пристап до јавни и асистивни услуги. Интервенциите согласно оваа набавка ќе бидат во функција на развојот на инклузивниот образовен систем (реквизити за сензорни соби и дидактички материјали) и развој на инклузивната култура  (реквизити за инклузивни игралишта/паркови).  

Набавувач на услугите: Здружение за земјоделски развој Национална федерација на фармери, со седиште на улица Гиго Михајловски бр.4/1-1, Скопје

Предмет на набавка: Предмет на набавка е набавка на добра и услуги за потребите на проектот “From Disability to FoodAbility” кој го спроведува Националната федерација на фармери со поддршка на Шведската организација за развој We effect и Radiohjalpen. Детален опис на предметот на набавка е даден во техничката спецификација која е составен дел на овој јавен повик.

Право на учество:

Право да достави понуда има секое заинтересирано правно лице кои на пазарот или во постапката за набавка го нудат предметот на набавка.

Услови кои треба да ги исполнува понудувачот е:

  1. минимум 2 години работно искуство
  2. минимум годишни приходи од 1.000.000 мкд остварени во последната година
  3. покриеност на работа на целата територија на државата
  4. докажано портфолио за реализација на слични или исти услуги (минимум 3) поврзани со предметот на набавка.

Предметот на набавка се состои од 2 дела ( дел 1- реквизити за сензорна соба и дел 2- реквизити за инклузивно детско игралиште) и истиот е делив. Правното лице понудувач, може да поднесе понуда за само 1 (еден) дел од техничката спецификација или 2 (два) дела назначени во техничката спецификација.

Рок на извршување на услугите/работите

Реализацијата на услугите/работите наведени во техничката спецификација да биде во рок од 30 календарски денови од потпишување на договорот за набавка.

Испорака на услугите на предметот на набавката

Реквизити за сензорна соба да се испорачаат на следните  6 локации ( општини): Гази Баба, Бутел, Зелениково, Јегуновце, Свети Николе и Лозово.

Реквизити за инклузивно детско игралиште да се  испорачаат на следните 11 локации (општини): Студеничани, Гостивар, Македонски Брод, Пласница, Струмица, Василево, Босилово, Чешиново-облешево, Зрновци, Чашка и Велес.

Цена на понудата

Во цената на понудата треба да се пресметани и вклучени сите трошоци на понудувачот, вклучително  транспортни трошоци за достава/испорака и трошоци за монтажа и инсталација на реквизитите.  Понудувачот треба да ја изрази единечната и вкупната цена на понудата со вклучено ДДВ, во денари, согласно образецот за финансиска понуда којшто е составен дел на повикот.

Понудувачот што поднесува понуда само за еден дел од техничката спецификација ( дел 1 или дел 2) ги пополнува образецот за финансиска понуда само во делот во кој поднесува понуда.

Корекција на цени

При реализација на договорот за набавка, не се предвидува корекција на цените, односно цените искажани во понудата на најповолниот понудувач ќе бидат фиксни за целото времетраење на договорот за набавка.

Начин на плаќање

Националната федерација на фармери со избраниот правен субјект ( компанија) ќе склучи Договор за набавка.

Плаќањето ќе се врши вирмански по доставена фактура до седиштето на Националната федерација на фармери.

Исплата ќе биде на две рати и тоа:

  • прва рата во износ од 30% од вкупниот бруто износ на понудената и прифатена цена во рок од 15(дена) од денот на склучување на договорот
  • втора рата во износ од  70% од вкупниот бруто износ на понудената и прифатена цена во рок од 15(дена) по завршување на ангажманот и одобрување на завршените работи согласно Договорот за набавка

Период на важност на понудата

Понудата што ќе даде понудувачот треба да биде со важност од 30 (триесет)дена.

Критериум за избор на најповолен понудувач
Во процедурата за избор ќе се применуваат следниве критериуми и бодувања:

·         Биографија на компанија и референци-10 поени

·         Квалитет на понудени материјали – 30 поени

·         Цена – 60 поени

ЕЛЕМЕНТИ НА ПОНУДАТА

Понудата треба да е составена од следниве елементи:

  1. Техничка понуда
    1. Тековна состојба од Централен регистар, не постара од 6 месеци
    1. Биографија на понудувачот и краток опис на најмалку 3 реализирани проекти (наведено услуга, локација и референца со контакт телефонски број/емаил)
    1. Понудувачот (доколку има) да достави брошура и/или каталог од понудените реквизити
    1. Изјава за професионална способност (Прилог бр.1)
    1. Изјава за остварени минимум годишни приходи од претходната година (Прилог бр.2)
    1. Изјава за судир на интереси ( Прилог бр.3)
  • Финансиска понуда
    • Образец на финансиска понуда (составен дел на повикот)

НАЧИН И РОК НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДАТА

Краен рок за доставување на понудите е  18.05.2021 година, до 14:00 часот

Понудите се доставуваат по електронска пошта (e-mail) на 2 адреси истовремено

nff@nff.org.mk и vidanka.martinovska@nff.org.mk  

Придружната документација се поднесува во скенирана електронска форма најдоцна до крајниот рок заедно со доставување на понудите.

Понудите испратени по истекот на крајниот рок за поднесување на понудите нема да бидат разгледувани.

Понудувачите кои се заинтересирани да поднесат понуда ќе добијат појаснувања или одговори на прашања поврзани со предметот на набавка на организиран онлајн состанок за што претходно треба да се обратат на е-маил vidanka.martinovska@nff.org.mk

tehnicka-specifikacija-1111

Образец-на-финансиска-понуда-1

Прилог-1-2-3-Изјави-за-понудувачите