19.8 C
Skopje
Thursday, August 5, 2021

ОГЛАС ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЕКСПЕРТ ЗА ИДЕНТИФИКАЦИЈА И РАЗВОЈ НА МЕХАНИЗМИ ЗА ON LINE ПРОДАЖБА (ЈАВЕН ПОВИК БР.5/2021)

Националната Федерацијата на Фармерите (НФФ) е организиран глас на македонските земјоделци со мисија „Профитабилно земјоделство – Стабилно село”. Целните групи со кои работи НФФ ги опфаќа сите категории земјоделци, најсиромашните, ранливите, земјоделските семејни стопанства, земјоделските организации и земјоделските задруги, како еден од најсовремените облици на организација на здружениот труд и настап на пазари. НФФ како основна алатка го има лобирањето и застапувањето на земјоделците и реализацијата на активности во подобрување на бизнис опкружувањето, едукација и информирање на земјоделците во насока на зголемување на продуктивноста и конкурентноста. НФФ посветува посебно внимание на младите и жените, родовата еднаквост и намалувањето на сиромаштијата во руралните средини.

Националната Федерација на фармери, Скопје, има потреба од ангажман на експерт за идентификација и развој на механизмите за on line продажба на eplatform во рамките на имплементација на планирани активности во проектот „ Поддршка за on line продажба на земјоделците и јакнење на гласот на жените од руралните средини“ кој е поддржан од Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ) во рамките на проектот „Поддршка на диверзификацијата на економските активности во рурални подрачја на Југоисточна Европа“.  Ангажманот на експертот е 24 дена за период од  10.05.2021 до 11.06.2021. Овластувањата и одговорностите се наведени во Terms of references, наведен во самиот оглас на англиски јазик.

Образование и квалификации:
• Високо образование од областа на економските или општествени науки

• Искуство од областа на механизми за on line продажба  

• Одлично познавање на Англискиот јазик
• Високо ниво на внимание на детали и точност;
• Аналитички вештини, вештини за пишување извештаи и за комуникација;
• Демонстрирање на постојаност во зачувување на интегритетот и етиката;
• Постапување како тимски играч и олеснување на работата во тим;
• Ефективна комуникација и социјални вештини;
• Доследно пристапување кон работата со енергија и позитивен став;

Сите заинтересирани кандидати треба да пратат CV (биографија) на англиски јазик и понуда – цена на дневница во МКД. Биографијата и цената по дневница се доставуваат на двата e-mail: bobi.djokovic@nff.org.mk и nff@nff.org.mk  најдоцна до 27.04.2021 (вторник) до 15 часот, со назнака: „za aplikacija expert online sale ”.

1.4.-Expert-for-identification-of-sales-mechanisms-of-E-farm

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

21,989FansLike
0FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -

Latest Articles