2.8 C
Skopje
Sunday, November 28, 2021

Втора обука за подобро производство на слатко и џем од овошје и грозје без употреба на адитиви и шеќери

25 членки на НФФ уествуваа на втората обука за подобро производство на слатко и џем од овошје и грозје без употреба на адитиви и шеќери. Работилницата се организира од Националната федерација на фармери во рамките на проектот „Институционална поддршка на НФФ “поддржан од Шведската организација за развој We Effect We Effect Europe. Преку презентација, Фросина Ѓоргиевска која е национална кординаторка на Мрежата на жени фармери во НФФ и дипломиран технолог која има долгогодишно искуство во невладиниот сектор посебно во делот на здружувањето и еконосмки форми на задружување и продажба на мали саеми, го пренесе своето искуство за производство на слатко и џем без употреба на адитиви и шеќери.Таа потенцира дека треба да се внимава со употребата на бел шеќер, овошјето самото во себе содржи шеќер и најдобро е да се користат и природни засладувачи како што се маџунот, стевијата и медот, потенцирајќи дека маџунот е наш македонски традиционален производ и засладувач. Ѓоргиевска подготви Водич за производство на слатко и џем од грозје и овошје кој ќе биде споделен до членството на НФФ. На обуката се споделија искуства и знаење помеѓу жените што е основен метод на Федерацијата за споделување на знаење и учење на земјоделците.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

21,989FansLike
0FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -

Latest Articles