Како до подобро производство на слатко и џем од овошје и грозје без употреба на адитиви и шеќери. Оа е темата на денешната работилница која се организира од Националната федерација на фармери во рамките на проектот „Институционална поддршка на НФФ “поддржан од We Effect. На on line обуката присуствуваа 20 жени, членки на НФФ, а искуството го пренесе Фросина Ѓоргиевска која е национална кординаторка на Мрежата на жени фармери во НФФ и дипломиран технолог која има долгогодишно искуство во невладиниот сектор посебно во делот на здружувањето и еконосмки форми на задружување на производство на преработки од овошје и продажба на мали саеми. Таа потенцира дека треба да се внимава со употребата на бел шеќер, овошјето самото во себе содржи шеќер и најдобро е да се користат и природни засладувачи како што се стевијата и медот. Воедно едно од употребливите средства за засладување е и маџунот, наш македонски традиционален производ. На почетокот на обуката се обрати Васка Мојсовска претседателка на НФФ која потенцира: Жените во земјоделскиот сектор се повеќе оптоварени со работа од мажите во однос на работните часови. Тие знаат да ги обработуваат нивите и да се грижат за своите фарми, тие знаат да направат добро сирење,слатка од различни земјоделски производи, маџуни,  сирупи, вина, макала, пинџури, производи од пчели и други производи, но,  за жал сеуште  се соочуваат со стравот за преземање на поголеми чекори и целата работа што ја работат да ја развијат во свој препознатлив бренд. Зошто го велам ова? Затоа што сите ние жените од рурални средини со својата работа сме претприемачи и сите ние треба тоа да си го вметнеме во нашата свест дека  треба да се ризикува и да се направи сопствен бренд од нашите рецепти и производи. Знам дека сега ќе речите лесно е ова да се каже, но да се направи е потешко.Треба само желба и амбиција која реално е остварлива и која чекор по чекор ќе се реализира со поминување на многуте препреки кои што ќе се најдат на патот кон реализацијата на нашата идеја. Дел од вас може ќе  си речите сега јас  не сум млада, сега сум повозрасна и дали ќе можам да го изодам тој пат, но верувајте никогаш не е доцна. Во светот има жени кои што си ја оствариле својата амбиција на 20, но, и на 60 години.