2 C
Skopje
Sunday, April 11, 2021

Посебен фонд за опоравување на женското претприемништво

Женското претприемништво може да даде значен придонес во поттикнување и развој на претприемништвото и економијата воопшто, но за таа цел неопходна е вистинска поддршка за преживување во услови на криза. Сојузот на стопански комори на Македонија, Здружението на бизнис жени и Федерацијата на фармери покренуваат иницијатива за формирање на посебен фонд за финансиска поддршка на женското претприемништво и истакнува барање да се овозможи изготвување на родово поделени статистики за справување со проблемите од кризата и да се креираат специфични мерки за заздравување на женското претприемништво.

Валентина Дисоска претседател на Здружението на бизнис жени изјави дека во услови на пандемија, кога многу се изменија  условите за работа, женското претприемништво претрпе многу сериозни последицкои за жал не се комуницираат во јавност, од институциите, а поддршката е недоволна а многу често и недостапна за компаниите во сопственост на жени.

„Жените се најчесто во микро и мал сегмент кој и онака стоеше на стаклени нозе. Во изминативе години работевме на зајакнување и зголемување на компаниите, некои имаа поголем, некои помал напредок, но сето тоа падна во вода со пандемијата. Оние компании кои шпраснаа, не можеа да ги исполнат критериумите од првите мерки, да имаат 30% помал приход од периодот лани, што е и логично, пораснале, вработиле, обемот на работа се зголемил… Потоа истите не можеа да ги исполнат критериумите од вторите мерки, затоа што отпуштиле работници, како последица од немањето поддршка со првите мерки.  И уште многу други фактори и услови кои не можеа да ги исполнат за да ја  добијат потребната помош од мерките од владата. Така кругот се затвори. Се повеќе затворени микро и мали компании и уште поголем број на невработени! Секторите како што се услужните, не можеме да кажеме дека тешко ја преживува кризата, тој едноставно не работи. Дополнително, товарот на згрижување на фамилијата, чување деца и возрасни, учење од дома о услови и потреба за работа од дома е најчесто погубутелен за микро и малите компании водени од жени.Затоа, бараме да се направат родово поделни статистики за проблемите од Ковид кризата во претприемништвото! Бараме да се креираат специјални мерки за заздравување на женското претприемништво!“, потенцира Дисоска

Васка Мојсовска, претседателка на Националната федерација на фармери истана дека проблемите со кои се соочуваат жените од руралните средини како социјална исклученост, невработеноста, родова дискриминација, нееднаква распределба на приходите и ресурсите, ограничени пристапи и понуда на образование, станаа многу видливи за време на пандемијата. Работата на жените од руралните средини е зголемена, а нивниот труд и понатаму не е вреднуван.Повеќе од 21% од жените велат дека го намалиле обемот на работа заради потреба од дополнителна грижа во домот. Околу 64% од руралните жени не се активни на пазарот на трудот заради ангажирање во домаќинството и грижа за деца, а 47% од невработените рурални жени вршат неплатена работа во семејни фарми.

Сакаме уште еднаш да истакнеме дека бараме реализација на мерката 115 од Програмата за финансиска поддршка за рурален развој која не  е реализирана од 2019 година односно сеуште не се објавени резултатите од апликациите за 100 руралните жени кои треба да добијат грантови во насока инвестирање за јакнење на нивното земјоделско стопанство. Минатата година доставувавме дописи и низ разговори инсистираме на реализирање на оваа мерка, но за жал таа сеуште не е реализирана. Добро е што оваа мерка е влезена и во Програмата за финансиска поддршка за рурален развој 2021 година, но важно е да има реализација односно средствата да стигнат до претприемачките“, истакна Мојсовска.

Габриела Кулебанова, потпретседател на Сојузот на стопански комори истакна дека  жените имаат потреба од ефективна поддршка сега повеќе од кога и да било.

Жените претприемачи краткорочно ја насочуваат, адаптираат и пренаменуваат својата деловна активност, но имаат голема потреба за подобри можности за обука, финансиска поддршка и помош при планирање и реструктуирање на деловните активности. Во таа насока по примерот на многу други земји бараме и кај нас да се формира посебен фонд за поддршка на женското претприемништво кое е значително погодено од ковид кризата и да се креираат специфични мерки за заздравување на претпријатијата раководени од жени. Во досегашните пакети за економска помош имаше многу скромна поддршка за овој важен сегмент на економијата“, изјави Кулабанова.

На жените им е потребна поголема поддршка преку пристапот до финансии и фондови,  до информации, пристап до знаење и стекнување на нови вештини, но и поддршка за ускладување на работните и семејните обврски.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

21,740FansLike
0FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -

Latest Articles